КГБ и ЦИА: Топ 5 места за судири во Москва

Смртоносните шпионси игри во Советскиот Сојуз

Смртоносните шпионси игри во Советскиот Сојуз

Legion Media
Москва отсекогаш била место со висока концентрација на шпиони од целиот свет. Тука се одигрувале груби и немилосрдни шпионски игри, а веројатно и понатаму се одигруваат. Ви ги претставуваме клучните места во Москва на кои КГБ се борел против ЦИА.

Хотел Пекинг

Хотел Пекинг

Овој славен импресивен комплекс кој е воедно и хотел и ресторан е изграден во времето на Сталин. Не е тајна дека бил под надзор на КГБ, Поголемиот дел од келнерите и од шефовите на салите биле агенти на КГБ, а во хотелските соби и во ресторанот биле поставени уреди за прислушување. Во хотелот Пекинг отседнувале и агенти од други советски градови за време на посетата на Москва.

Во 1961-1962 година во овој хотел британскиот шпион Гревил Мејнард Вајн одржувал состаноци со полковникот на Главната разузнавачка управа (ГРУ) на Генералштабот на Вооружените сили Олег Пењковски, кој воедно бил и агент на ЦИА.

Пењковски бил познат како „полковник на три разузнавачки служби“: советската, американската и британската. Во САД и во Велика Британија напредувал до ранг полковник, а му било ветено дека ќе може себеси да си избере место во разузнавачката служба.

Пењковски во хотелот Пекинг обично му предавал на Вајн фотографии од тајни документи за советското оружје (вкупно 5.000 фотографии), добивал нови задачи, пари и подароци.

Кеј Максим Горки бр. 36 

Космодамјански кеј бр.36

Полковникот на ГРУ и агент ЦИА Пењковски живеел во зградата број 36 на Кеј Максим Горки (денешен Космодамјански кеј). Агентите на КГБ почнале да го следат во 1963 година. 

Во една саксија за цвеќе на балконот над неговиот стан била поставена мала камера. Снимките докажале дека Пењковски фотографирал тајни документи пред прозорецот со својот компактен Минокс фотоапарат.

Пењковски бил уапсен истата година и бил осуден на смртна казна. 

Краснолушки мост

Краснолушки мост

Краснолушкиот мост во југозападниот дел од Москва бил место за средба на агентите на ЦИА и на соработниците на Министерството за надворешни работи на СССР Александар Огородник. Американската разузнавачка служба го врбувала додека работел во Колумбија во 1974 година.

Тајните информации помеѓу Огородник и ЦИА се пренесувале во специјални контејнери камуфлирани како камења или како штици, а ги криеле во столбовите на мостот. 

Огородник е уапсен на 22 јуни 1977 година, но во притвор успеал да изврши самоубиство. КГБ се погрижил ЦИА да не дознае за неговата смрт. Играта морала да продолжи. 

На 15 јули 1977 година соработничка на американската амбасада и агент на ЦИА Марта Петерсон се обидела да остави нов контејнер за Огородник на Краснолушкиот мост и била уапсена. По еден ден е протерана од Советскиот Сојуз. 

Краснолушкиот мост е заменет со новиот Лужнецки мост на почетокот на минатата деценија. Сепак, старите столбови и понатаму стојат, па дури и оние кои некогаш ги криеле контејнерите со тајните информации. 

Железничка станица „Северјанин“

Станицата „Северјанин“

Во 1985 година КГБ го следел агентот на ЦИА Пол Залаки кој скрил контејнер во облик на камен недалеку од железничката станица „Северјанин“ на линијата Москва – Јарослављ. 

Неколку недели подоцна советските оперативци го уапсиле Леонид Полешчук, соработник на КГБ и агент на ЦИА во обид да го земе оставениот контејнер. Полешчук активно пренесувал информации на Американците за советските агенти во Непал и во Нигерија. 

Контејнерот бил полн со пари – 25.000 рубли (во тоа време доволно за четири нови автомобили). Тоа бил хонорарот на Полешчук.

Леонид Полешчук е погубен во 1986 година. 

Храмот на Василиј Блажени 

Храмот на Василиј Блажени

Би се рекло дека Храмот на Василиј Блажени на Црвениот Плоштад, во самото срце на Москва, тешко може да се нарече идеално место за тајните операции на ЦИА. Но, тоа е вистина. 

Извиените скалила до вториот кат биле идеално место за дискретно предавање пратки. Освен тоа, странските дипломатски претставници надвор од центарот на Москва можеле само да предизвикаат сомнеж. 

Во 1985 година полковникот на КГБ Олег Гордиевски кој единаесет години работел како шпион, се подготвувал да избега од СССР. Бил договорен состанок со странски агент во Храмот на Василиј Блажени. Гордиевски ги очекувал упатствата за бегство. Но, Храмот бил затворен.

Гордиевски успеал да се ослободи од советските агенти кои го следеле и да избега во Велика Британија. Во отсуство е осуден на смртна казна поради предавство. Тој до денешен ден е еден од ретките предавници што успеал да избега.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња