„Интересни предметчиња” кои КГБ ги има конфискувано од западните шпиони - 1 дел

Борис Егоров
„Russia Beyond Македонија“ ви претставува колекција на специјални шпионски направи и оружја кои се запленети од странски шпиони од страна на цариниците и советските и руските агенти за контраразузнавање.

Бастуни со острици. Бастун со скриена острица за борба одблиску. Острицата може да се исука како меч или да се извади така што бастунот ќе може да се користи како некој вид на копје. Има и модели со зајакнат ракофат, така што шпионите можат да ги користат како боздоган.

Скриени прегради за шверц и шпионажа. 

Оваквите скриени прегради првенстено се користени за шверц на забранета роба и како такви биле погодни и за шпионите. 

Камери во часовници и запалки. Камери сместени во мали предмети за секојдневна употреба, како запалки или рачни часовници, спаѓаат меѓу уредите кои најчесто се конфискувани од странски шпиони во СССР и во современа Русија. 

Предавател вграден во касетофон. 

Честопати стручњаците на странските разузнавачки служби вградувале радио-предаватели во касетофони и на тој начин овозможувале комуникација со своите агенти на советска територија.

Книги за дешифрирање на шифрирани пораки. 

За дешифрирање на шифрирани информации странските шпиони користат книги на странски јазици со неочекувана содржина – од бајки и романи до упатства за користење на техника. 

Тајна преграда во држач за пенкала и минијатурна камера во електрична бричалка. 

Вообичаени предмети за секојдневна употреба се користени за криење на специјални шпионски направи или податоци. Во држачот за пенкала направена е тајна преграда, а во апаратот за бричење е сместена минијатурна камера. 

Предмети со тајни прегради за комуникација помеѓу агентите. 

Со помошта на скриени прегради во предмети направени од различни материјали (пластика, метал, дрво) агентите добивале упатства за своите мисии, средства за шифрирање и пари. 

Примопредавател скриен во торба. 

Примопредавателите кои ги користеле шпионите за праќање  на податоци и прием на инструкции од шпионскиот центар обично биле компактни и можеле лесно да се сместат и во помала торба. 

„Скакулци”. 

„Скакулци“ (ножеви чиешто сечиво „скока” од дршката) им служеле на шпионите да се заштитат од контраразузнавачите. 

Тајни прегради. Во шуплините скриени во внатрешноста на дрвени плочки шпионите чувале пари, тајни материјали, средства за шифрирање и кодови. 

Електрошокер вграден во лампа. 

Лампата со електрошокер е оружје за непосредна борба кое го користеле странските шпиони и диверзанти. Струјниот удар е доволен да го онесвести непријателот и на тој начин му овозможува на шпионот да побегне и да се сокрие.

 

Пиштоли во облик на рулет и пенкало. 

Пиштолот во облик на француски рулет „Le protector“ е со капацитет од десет куршуми. Мал е и лесно може да се скрие или незабележливо да се држи во рака или в џеб. Од непосредна близина е смртоносен. Од оружјето во форма на хемиско пенкало можело да се стрела само еднаш. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња