5 легендарни советски шпионки

Надежда Плевицкаја

Надежда Плевицкаја

Fine Art Images/Vostock-Photo
На Денот на жената 8 март, „Руска реч на македонски“ се потсетува на руските шпиони – храбри и заводливо жени, на чија смелост би можеле да им завидат мажите.

Надежда Плевицкаја

Tаа била придружувана од композиторот Серегј Рахманинов, а царот Николај Втори ја нарекувал „курски славеј“. Оваа селка девојка го минала патот од монахиња до една од најпознатите певици. Во емиграција Плевицкаја се омажила за царскиот генерал Николај Скоблин, а во 1931 година тие биле врбувани од советското разузнавање. 6 години сопружниците предавале информации за ситуацијата во емигранските кругови на Европа, а најголема нивна операција е грабнувањето на генералот Евгениј Милет во Париз во 1937 година. Тие се наоѓале на врвот на најголемата емигрантска воена организација на средбата со германските дипломати, чија улога ја одиграле други агенти. Генералот го заспале и по морски пат го однеле во Русија. Сепак, одејќи на средбата, Милер оставил посмо, па шпионите биле откриени. Скоблин избегал во Шпанија, каде набргу загинал, а Плевицкаја била уапсена и осудена на 20 години робија. Таа умрела во затвор во Рене во 1940 година.

Зоја Воскресенскаја

Извор: Владимир Севостијанов / TAСС

Во 1929 година 22-годишната Зоја станала соработни на странскиот оддел на Обединетата државна политичка управа. Наскоро на убавата девојка ѝ било предложено да отпатува во Женева и да стане љубовница на еден германски генерал. Подоцна таа се сеќавала: Им одговорив „Добро. Ќе заминам, ќе му станам љубовница, ако не може поинаку, а потоа ќе се застрелам“. Потоа слични задачи не ми нудеа. Во триесеттите години од минатиот вел таа работела во Манџурија, во Латвија, во Германија и во Австрија. На почетокот на јуни 1941 година под плаштот на соработничка на Сесојузното друштво за културни врски со странство агентката била на прием во германската амбасада, каде на валцер ја поканил амбасадорот, грофот Вернер фон дер Шуленбург. Зоја обрнала внимание на светлите правоаголниси на ѕидот од соседната просторија, која била останата од симнатите слики, а преку подотворената врата забележала куп куфери. Таа известила дека Германците подготвуваат брза евакуација на амбасадата, но нејзината информација била игнорирана. Откако се повлекла во 1955 година, таа станала позната писателка за деца, но за нејзиниот претходен живот никој не знаел, сè до 1990 година, кога првиот човек на КГБ Владимир Крјучков ја „отрил“ во едно интервју.

Маргарита Коњонкова

Маргарита Коњoнкова (лево), Алберт и Eлза Ајнштајн и Сергеј Коњoнков во Принстон, 1935. (Извор: ТАСС)

Познатиот скулптот Сергеј Коненков допатувал во Њујорк со својата жена Маргарита во 1923 година, со цел да учествува на изложбата на советска уметност. Службениот пат се оддолжил на 22 години: „рускиот Роден“ творел, а Маргарита во неговото ателје во Гинвич вилиџ седенки и разгроварала со сите големи американски политичари и со нивните жени, одела во Белата куќа и се познавала со „првата леди“ Елеонора Рузвелт. Нејзина главна цел биле научниците кои работеле на создавање на нуклеарно оружје: таа се дружела со „таткото на нуклеарната бомба“ Роберт Опенгејмер, а во 1935 година се запознала со Алберт Ајнштајн. Судејќи според зачуваниет страсни писма на научникот, Маргарита била негова последна љубов. За својата работа како агент не заборавала: таа успеала да врбува неколку американски нуклеарни физичари. Исто така е познато дека на нејзино барање Ајнштајн лиско се среќавал со советскиот резидент во Њујорк. Во 1945 година Коненкови биле повикани назад во Русија, каде таа ги надживеала и Ајнштајн, и својот познат маж, и умрела во Москва во 1980 година.

Елена Модржинскаја

Архивска фотографија

Кон крајот на 1940 година на железничката станица на окупираната Варшава се случила следнава сцена: жена што се симнува од воз му се фрла в прегратка на маж со букет. Првиот човек на советската амбасада Иван Васиљев (вистинско име Пјотр Гудимович) ја пречекувал својата жена Марија, која всушност ја гледал за првпат: оваа улога ѝ била доделена на агентката Елена Модржинскаја. Главна задача на оваа „двојка“ била да ги дознаат плановите на Германија во однос на СССР. На 22 јуни 1941 година обајцата биле уапсени: гестапо се посомневал во оваа мила двојка. Испрашувањата не дале резултат, па сопружниците, како и останатите дипломати, биле разменети за германските кои останале во Москва. Подоцна, во Русија, тие навистина се венчале.

Ана Камаева-Филоненко

Извор: IvanFM/Wikipedia.org

Есента 1941 година во Групата за посебни задачи при наркомот на внатрешните работи, каде била 23-годишната Ана Камаева, подготвувале диверзанти во случај на окупација на Москва од страна на фашистите. Ана имала посебна улога: таа била должна да изврши атентат на Хитлер. Москва била одбранета, а Камаева била префрлена во германскиот тил за организација на диверзија. Во октомври 1944 година таа била испратена во Мексико, каде подготвувала операција за ослободување од затвор на убиецот на Троцки Рамон Меркадер, но во последен момент операцијата била прекината. По војната таа се омажила за воениот агент Михаил Филоненко, со кој тие минале 12 години во странство како нелегални агенти: најпрво во Чехословачка, потоа во Кина, а од 1955 година во Бразил, каде создале агентска мрежа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња