Шарапова го освои првиот турнир по 15-месечната суспензија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Тенисерката Марија Шарапова го освои првиот турнир во WTA по 15-месечната дисквалификација поради употреба на мелдониум.

Шарапова во кинескиот град Тјенѓин во финалето ја победи белоруската тенисерка Арина Соболенко.

30-годишата Русинка ја победи 19-годишната соперничка во два сета: 7:5, 7:6. Мечот траеше повеќе од два часа. Наградниот фонд на турнирот е повеќе од 425 илјади долари.

Шарапова последен пат освои WTA турнир во мај 2015 година во Рим.

На 17 октомври Шарапова ќе учествува на Купот на Кремљ во Москва со меч против Магдалена Рибарикова од Словачка. Шарапова во вторник првпат по 10 години ќе излезе на теренот во рускиот главен град.