Тенисерката Марија Шарапова пристигнува на доделувањето на наградите The Billies. 20 април 2006. Беверли Хилс, САД.
REUTERS/Chris Pizzello/ReutersНовиот руски бестселер ќе се појави во книжарниците ширум светот на 12 септември. Иако мемоарите на една од најпопуларните спортистки во светот не можат во книжевна смисла да се споредат со Толстој или Достоевски, книгата на Марија Шарапова „Незапирлива: Мојот живот досега“ е предодредена да има огромен успех судејќи според бројот на нарачки кои пристигнаа пред официјалното објавување и кои веќе ја ставија на врвот на бестселери на листата на „Барнс и Нобл (Barnes & Noble’s bestseller list).
„Не можев да верувам дека мината недела толку многу од вас веќе однапред ја нарачале книгата и дека доспеа на 1 место на „Барнс и Нобл“. Големо благодарам!“, објави Шарапова на својот „Инстаграм“.
Мемоарите на Шарапова се, според оцената на магазинот специјализиран за рецензии на книги „Киркус”, „преполни со вредни увиди во стратегијата на теренот и психологијата надвор од теренот”.
Навистина, предговорот на книгата ветува дека во неа ќе најдете опишани од личен агол пресудни настани кои го обликуваа животот на ѕвездата на меѓународниот тенис, вклучувајќи ја и нејзината преселба од Русија на Флорида како тинејџерка, како и нејзиното непрекинато ривалство со Серена Вилијамс, која е претставена како архетип на противник на теренот.
Името на Шарапова на кориците на книгата е најсилниот магнет за читателите, но текстот е резултат на соработката на тениската ѕвезда со Рич Коен, американски писател кој претходно напиша книги за Ролинг Стоунс, рагби тимот „Чикаго Беарс“ и други икони на поп-културата и кој, исто така, заедно со Мик Џегер, е познат како автор на серијата „Винил” на Ејч-Би-О каналот.
„Незапирлива: Мојот живот досега“ (Unstoppable: My Life So Far) може да се нарача преку сајтовите Barnes & Noble и Amazon, а од 12 септември книгата е и во официјална продажба. За оние кои не можат да издржат и да почекаат уште неколку дена, порталот на книжарницата „Амазон“ уште сега им нуди можност да ѕирнат во првата глава.
Марија Шарапова раскажа зошто Серена Вилијамс ја мрази
Марија Шарапова се пофали со идеалната фигура
Шарапова се враќа на тениските терени
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче