Марија Шарапова и Серена Вилијамс на „Австралија Опен“, 31 јануари 2016.
APПознатата руска тенисерка Марија Шарапова во својата автобиографија објасни зошто нејзината главна соперничка, Американката Серена Вилијамс ја мрази. Дел од книгата е објавен на профилот на Русинката на „Твитер“.
Шарапова истакнува дека Вилијамс почнала да ја мрази по нејзиниот пораз во финалето на турнирот во Вимблдон во 2004 година.
„Се обидов да избегам од таму колку што е можно побрзо, но сигурна сум дека Серена ме слушна. Луѓето често прашуваат зошто имам толку многу проблеми во натпреварите против Вилијамс (19 натпревари од 21 изгубив). Мислам дека одговорот лежи во таа соблекувална. Мислам дека таа ме замрази поради тоа што јас, кревко дете, ја победив. Но, најмногу од сѐ таа ме замрази поради тоа што ја слушнав како плаче“, се вели од извадокот од биографијата, пренесува РИА „Новости“.
Во 2004 година, 17-годишната Марија Шарапова ја победи Вилијамс во финалето на Вимблдон во два сета - 6:1, 6:4. Тоа беше прв Гренд слем трофеј во кариерата на Русинката, подоцна таа освои уште четири („Ролан Гарос“ двапати). Серена Вилијамс има 23 трофеи.
Марија Шарапова се врати на тениските терени во април оваа година, по 15-месечна дисквалификација за користење на мелдониум.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче