Досетливите руски возачи: Со секира против сообраќајните прекршоци

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Зошто да плаќате казни кога можете да ги промените правилата?

Замислете дека некаде по пат штотуку сте зеле кафе и кифла, сте седнале во автомобилот и ви се чини дека ништо нема да ви го расипе денот.

Но, тогаш свртувате преку двојна полна линија! Доцна газите на сопирачките. Ве запира полиција или добивате СМС дека вашиот прекршок е снимен на камерата и денот ви пропаѓа...

Некои луѓе едноставно нема да се помират со таквиот развој на настаните. На пример, овој возач од Тољати. Вооружен со секира и со заштитни очила, тој реши да учествува во обележувањето на патиштата и од двојна полна линија да направи испрекината за дозволено свртување.

Навистина, зошто да ги кршите законите, кога можете да ги промените?