Видео: Во Кемерово се судрија патнички автомобил и оклопен транспортер

Оклопен транспортер БТР-80.

Оклопен транспортер БТР-80.

Сергеј Бобилев/ТАСС
Патнички автомобил „Киа“ и БТР се судрија во Кемерово во понеделникот наутро.

Патнички автомобил „Киа“ и оклопен транспортер се судрија во Кемерово во понеделникот наутро, изјави РИА „Новости“ претставник на регионалното МВР.

„Во моментов, полицијата ги утврдува сите околности на несреќата на автомобилот и БТР-от. Исто така се разјаснува степенот на вина на секој од учесниците во сообраќајната несреќа“, изјави соговорникот на агенцијата, додавајќи дека возач на автомобилот е жена.

Видео од несреќата се појави на социјалните мрежи. Според очевидците, автомобилот е сериозно оштетен. Првичните информации велат дека во несреќата нема повредени.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња