Ноќта на 21 декември се покажа како многу жешка за сообраќајната полиција во Казањ. Во центарот на градот, на улицата „Николај Ершов“ полицијата се обиде да запре сива „Лада“, но возачот очигледно имаше други планови. По околу 25 километри (цело време следен од полицијата), тој се најде пред зградата на аеродромот во Казањ, и не смисли ништо подобро отколку да избега директно во терминалот. Без да го напушти возилото.
Камерите за видео надзор совршено го забележаа она што се случуваше: по возењето во рикверц, за да го добие неопходното забрзување, возачот го скрши ѕидот од стакло на терминалот и влезе (по третиот обид). Полицијата за тоа време безуспешно тропаше по автомобилот, обидувајќи се да го запре несовесниот возач.
Потоа неколку минути „Ладата“ возеше низ терминалот, кршејќи сѐ на својот пат: врати, столбови, водоводна цевка. Никој од луѓето сепак не настрада, како што подоцна беше соопштено на „Твитер“ профилот на аеродромот. Сообраќајците трча по автомобилот заедно со обезбедувањето на аеродромот, но не може да го задржат. Потера заврши дури кога возачот се повлече од терминалот – безбедносните сили сепак успеаја да го опколат и приведат престапникот. Штетата се проценува на околу 6 милиони рубли (98580 американски долари).
Според извештаите на медиумите, возачот бил пијан, а во автомобилот била пронајдена марихуана. Според верзијата на локалниот весник „Казањски репортер“, приведениот има 40 години, претходно работел во специјалните сили на Министерството за внатрешни работи и во моментов раководи детективска агенција.
Корисниците, откако го виделе видеото од потерата, беа огорчени од однесувањето на полицијата. Чуварите на редот и мирот кои го гонеа прекршителот на законот изгледаа мошне беспомошно: се лизгаа, паѓаа и не преземаа никаков обид да го неутрализираат возачот. Ова предизвика лавина од прашања: дали полицијата е во состојба да ја осигура безбедноста?
„Во аеродромот влезе автомобил, во чиј багажник лесно може да се сместат 150 килограми експлозивкој може да го разнесе целиот аеродром“, напиша во коментарите под видеото Емил Кулиев. „А никому не му текна да пука во тркалата?“, го поставува истото прашање Екатерина Андреева. Можеби најсилен впечаток од настанот на луѓето им остави видеото на „Јутјуб“, од кое се гледа како полицајците збунето трчаат по „Ладата“, а сето тоа проследено со музика од популарното шоу на Бени Хил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче