Во Русија рекорден број на деца последниве 15 години

Начин на живеење
РИНА БИКОВА
Според податоците на руската Федерална служба за државна статистика, бројот на деца (на возраст до 15 години) за една година се зголемил за 2% (600 илјади луѓе). Така уделот на децата во структурата на населението достигна 18,3%, што претставува рекорд за последниве 15 години.

Според процентот на деца лидери меѓу регионите се Чеченија и Тува, додека најмал удел на деца во структурата на населението имаат Москва и Тулската област, пишува весникот „Взгљад“.

Како што истакнуваат експертите, зголемувањето на бројот на деца е акумулирана последица на порастот на наталитетот во последнава деценија и пол.

Уште една причина се миграциите. Според податоците на статистиката, минатата година миграцискиот прираст на населението од сите категории беше 262 илјади луѓе. Притоа големите градови се „демографски дупки“, и покрај приливот на мигранти. Меѓу нив голем дел се луѓе кои дошле заради заработка и кои веќе имаат семејство во друг регион или земја.