Анкета: 84% од Русите се чувствуваат среќни ова лето

Русите се чувствуваат среќни.

Русите се чувствуваат среќни.

Владимир Песња/РИА „Новости“
Русите се чувствуваат среќни, велат резултатите од последната анкета на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Ова лето 84% од Русите се чувствуваат среќни, што речиси го повторува рекордот од пролетта 2017 година, се вели во резултатите од анкетата на ВЦИОМ.

Основен фактор за среќен живот останува семејното огниште: 33% Руси ги прави среќни тоа што имаат семејство, уште 14% му се радуваат на животот затоа што имаат деца. За секој петти (22%) клучот за среќа претставува доброто здравје – своето и на најблиските. Незадоволството од животот е поврзано, пред сѐ, со проблемите од материјална природа (10%). Уште по 5% не се чувствуваат среќни поради лошо здравје и невработеност.

Во март-април нивото на среќа на Русите, според податоците на ВЦИОМ, достигна историски максимум од 85%.

„Самооценката на своето расположение од страна на населението продолжува да биде многу висока. Таа доаѓа во јасна спротивност со нашите податоци за заморот од кризата. Ова се објаснува со тоа што финансиската ситуација не е единствениот фактор кој го одредува расположението на луѓето. Кога економските тешкотии не се од критична природа, семејната благосостојба и нормалното здравје за добро расположение се покажуваат како сосема доволни“, изјави водечкиот експерт-консултант на ВЦИОМ Олег Чернозуб.

Серуската анкета на „ВЦИОМ-Спутник“ беше спроведена од 29 јуни до 1 јули 2017 година. Во истражувањето беа вклучени Руси на возраст над 18 години. Методот на истражувањето беше телефонско интервју со 1800 испитаници. Максималната маргина на грешка со веројатноста од 0,95 не е поголем од 2.5%, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња