- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Пријателите кои му доаѓале на гости на сликарот Иљја Репин, авторот на познатите слики „Бурлаци на Волга“ и „Иван Грозни и неговиот син Иван...“, често споменувале „бифтек“ од мочуришна брусница (рус. „клюква“), чорба од сено и други необични јадења без месо кои им ги сервирала Наталија Нордман-Северова, сопругата на познатиот сликар.
Сопругата на Иљја Репин била „загрижена“ вегетаријанка, јадела само сирова храна, што во тоа време било зачудувачки. А во 1911 година составила и „Готвач за оние кои гладуваат“ и го посветила на „презаситените“. Во книгата се нашол и омилениот буљон од сено на Репин.
Рецептот за овој вегетаријански деликатес е едноставен: во тенџере ставете сено, ситно сечкан кромид, ловоров лист, бибер и сол. Сето тоа се прелива со врела вода и потоа се вари кратко. Таквиот буљон, според Наталија Нордман, ви дава ситост 24 часа, добар е за бубрезите и погоден за правење вегетаријански боршч.
За време на едукативното предавање за придобивките од вегетаријанската исхрана во 1912 година, Наталија рекла: „Често ме прашуваат како тоа јадеме сено и трева“. Дали ги џвакаме дома, во шталата зад јаслите или на ливадата, и колкави ни се оброците? Многумина се потсмеваат на оваа исхрана, а некои ја сметаат и за навредлива, бидејќи како тоа на луѓето да им се нуди храна со која од памтивек се хранеле само животните!“
Лично Репин не се жалел на таквата диета. Напротив, во писмо до еден пријател напишал: „Буљонот од сено, корени и билки е вистински еликсир. Ме држи сит дури 9 часа. Телото ми се подмлади, станав поиздржлив во пешачењето, имам повеќе сила за вежбање и многу повеќе успех во сликарството“.