Здрава смеса од која ќе ви појде вода на уста, измислена од советски кардиолог (РЕЦЕПТ)

Кујна
ЈУЛИЈА МУЛИНО
Амосовата смеса е преполна со витамини. Се прави од кајсии, смокви, лимони, мед и други вкусни состојки кои му овозможуваат на пациентот значително побрзо да закрепне по операцијата. Но, оваа здрава смеса, исто така, дава одличен поттик на секој имун систем.

Рецептот за Амосовата смеса го направи советскиот кардиолог Николај Амосов. Врз основа на долгогодишното искуство во медицината, тој заклучил дека одредено сушени овошје има позитивно влијание врз човечкото тело.

Врз основа на своите набљудувања кај стотици пациенти, тој смислил специјален рецепт – Амосова смеса. Тој забележал дека пациентите кои по операција ја консумираат неговата смеса многу побрзо закрепнуваат.

Според класичниот рецепт, смесата вклучува достапни состојки како суви кајсии, суви сливи, суви смокви, суво грозје, лешници, лимон и мед. Понекогаш се додаваат и урми. Оваа комбинација не само што е здрава, туку е и исклучително вкусна.

Амосовата смеса го намалува ризикот од срцеви заболувања и атеросклероза, делува превентивно кај висок крвен притисок и формирање на згрутчувања во крвта. Добра е и за прочистување на крвните садови од холестерол. Смесата го зајакнува имунолошкиот систем, го стимулира правилното функционирање на цревата и на целиот дигестивен тракт.

За зајакнување на имунитетот е доволен третман од 30 дена, при што се земаат една до две лажици дневно. Ако бидеме искрени, смесата е толку вкусна што е тешко да се ограничите на една лажица. Меѓутоа, луѓето алергични на која било состојка во смесата, како и дијабетичарите и трудниците, треба да внимаваат на количината на смесата што ја консумираат.

Доколку остане нешто смеса, може да се чува во фрижидер најмногу два месеци. Ако ѝ додадете малку помалку мед, ќе добиете здрава слатка. Смесата може да се обликува во топчиња и да се валка во какао и сечкани ореви. Ако додадете глазура од темно чоколадо, ќе добиете симпатичен десерт.

Состојки за тегла од 500 ml:

Суви кајсии - 100 g

Суви сливи - 100 g

Суви смокви - 100 g

Црно суво грозје - 100 g

Лешник - 100 g

Лимон – половина

Мед - 100 g

Начин на подготовка:

Сувото овошје се мие. Ако овошјето е премногу суво, можете да го потопите во топла вода еден час, а потоа да го исушите со хартиена крпа. Лимонот прелијте го со врела вода.

Сите состојки се мелат на машина за мелење месо.

Додајте го медот.

Добро промешајте.

Наполнете ја стаклената тегла.

Уживајте во витамините.