- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Најчесто слаткиот двопек во Русија се прави со ванила и суво грозје. Има форма на мали крцкави парчиња леб со блескава кора. Во Русија ги нарекуваат „сухари“, додека во Македонија се познати како двопек. Руската верзија, сепак, е малку поинаква и обично е послатка.
Сухарите традиционално се служат со чај, во кој може да се макаат. Според мене, така се највкусни.
Првпат државниот стандард за производство на сухари беше воведен во 1951 година. Иако тие беа познати долго пред болшевиците да дојдат на власт. Слатките сухари се споменуваат во руската литература од царската епоха.
Според една верзија, сухарите со суво грозје и вкус на ванила потекнуваат од велигденскиот колач. Имено, по печењето тој брзо се сушел, но не можел да се фрли, бидејќи бил осветен во црква. Затоа почнале да го служат така сув со чај.
Навистина, додека го месев тестото, кујната беше исполнета со мириси кои потсетуваат на мафини. А кога тестото беше готово за печење, помислив дека сум направила нешто што многу потсетува на велигденски колач.
Тестото за сухари се прави со помош на стартер. Потоа се додаваат јајце, путер и шеќер. Јас додадов ванилин шеќер и екстракт од ванила за да добијам поинтензивен вкус. Сувото грозје се додава пред обликувањето на векните.
Процесот трае долго, но е прилично едноставен. Најважно е што прво мора да го испечете лебот, потоа да го оставите да се лади неколку часа, најдобро преку ноќ. Во тој момент е тешко да се одолее на искушението и да не го пробате врелиот и сладок леб. Некако успеав да се воздржам, а потоа лебот го исеков на парчиња и ги исушив во рерна.
Искрено, сухарите според овој рецепт не се премногу слатки. Затоа, доколку сте сладокусец, предлагам да уживате во нив со засладен чај.
Состојки за 10 порции:
Јулија Мулино
- Пченично брашно - 400 g
- Јајца (1 за тесто, 1 за премачкување) – 2 пар.
- Шеќер - 80 g
- Млеко - 150 g
- Путер - 50 g
- Суво грозје - 100 g
- Свеж квасец - 12 g
- Ванилин шеќер - 15 g
- Екстракт од ванила - 1 лажичка
Начин на подготовка:
Растворете го квасецот во топло млеко. Додадете една лажица шеќер и 150 грама брашно. Покријте и оставете на топло место 40 минути.
Јулија Мулино
Јулија Мулино
Сувото грозје измијте го, потопете го во топла вода 15 минути и исушете го со хартиена крпа.
Јулија Мулино
По 40 минути растопете го путерот, изладете го, додадете ги јајцето, шеќерот и прстофат сол (не е според официјалниот рецепт, меѓутоа јас секогаш додавам, заради рамнотежа).
Јулија Мулино
Додадете ја смесата со путерот и јајцата во нараснатиот стартер, а потоа додајте го преостанатото брашно. Месете околу 10 минути.
Јулија Мулино
Покријте и оставете 60 минути да нарасне.
Јулија Мулино
Кога ќе нарасне тестото, додајте го сувото грозје.
Јулија Мулино
Поделете на три еднакви дела.
Јулија Мулино
Расукајте го тестото, свиткајте ги рабовите кон центарот и повторно преклопете на половина. На местото на спојување залепете го тестото. Свиткајте во издолжена векна.
Јулија Мулино
Ставите во плех, покријте со крпа и оставете 30 минути да надојде.
Јулија Мулино
Премачкајте со јајце.
Јулија Мулино
Ставете го лебот во рерна загреана на 200℃ и печете 20-25 минути. Изладете на решетка.
Јулија Мулино
Оставете најмалку 4 часа да се лади, но подобро преку ноќ. Исечете на парчиња.
Јулија Мулино
Се редат во еден слој на плех или решетка во рерна и се сушат 7 до 10 минути на 180℃. Внимавајте да не ви загорат. Тоа е краток процес. Редовно проверувајте. Доколку ги сушите во плех, превртете ги и оставете ги да се сушат уште две-три минути.
Јулија Мулино
Послужете со врел засладен чај.
Јулија Мулино