Што јаделе руските цареви?

Russia Beyond
Руските монарси можеле да си го дозволат секое егзотично јадење што ќе го посакале, од печени лебеди до маринирани лимони. Меѓутоа, многу често тие најмногу ја сакале наједноставната храна како што се шчи (чорба од кисела зелка), каша или барено месо. Што друго имало на менито на руските цареви дознајте од нашиот текст.

Петар Велики

Царот кој го „отвори“ прозорецот кон Европа бил конзервативен кога станува збор за храната. На официјалните приеми за време на неговото владеење се служеле јадења од странските кујни на кои биле навикнати амбасадорите и министрите на другите земји. А за самиот Петар Први се приготвувака кисела руска чорба шчи, која морала да биде многу топла, каша од хелда, печено прасе со каша и џигерица, ладно месо со мариниран лимон и исчистен „бисерен“ јачмен на млеко. За десерт или мезе царот сакал лубеница, свежа или маринирана, а од овошје претпочитал портокали и јаболка. Со оброкот најчесто пиел квас или токајско вино, а пред јадење знаел да се напие чашка вотка од анасон.

Екатерина II

Царицата била многу пребирлива за храната и си воведувала ограничувања. Наутро слугите ја служеле со јако кафе со двопек и павлака. Нејзиниот ручек траел најмногу еден час, а на менито имало само три-четири јадења. Тоа биле, на пример, говедско месо со кисели краставички и сос од сушени еленски јазици, вишни, лиснато тесто. Пиела пијалок од рибизла и чашка мадера. Навечер, по совет на нејзиниот лекар, не вечерала за да избегне главоболка. Лете во резиденцијата Ораниенбаум царицата ловела тетреби и шлуки, кои подоцна биле подготвувани и послужени на трпезата. Освен тоа, таа водела сметка за бојата на лицето и секојдневно јадела по неколку кисели јаболка и кисела зелка, па дури и се миела со расолница. Менито на официјалните приеми било многу побогато, гостите биле послужувани со десетици видови супи, разновидно мезе, печено јагнешко и еребица со тартуфи, галети од остриги, како и корпички со разни филови и колачи.

Павел I

Синот на Екатерина II не го одобруваl раскошниот начин на живот што го водел неговата мајка. Кога дошол на престолот, почнал да воведува својот ред, што влијаело и на кујната. На императорот му се послужувале наједноставно шчи, каши и печења. Притоа намирниците не биле набавувани од дворските добавувачи на храна на Неговото Височество, туку била купувани на обичен пазар. За појадок се служела вотка во помали чашки и помали шишиња вино. А дека јадењата биле приготвувани за монархот можело само да се насети по тоа што биле луксузно сервирани. Самата маса секогаш била украсена со многу цвеќе.

Александар I

Денот започнувал со зелен чај со павлака и брускети. Меѓу појадок и ручек јадел овошје, а навечер најмногу сакал да се напие чај со мед и пред спиење кисело млеко. Неговото омилено јадење било ботвињата, стара руска ладна чорба со квас и листови цвекло. Со чорбата задолжително се служела бела риба есетра.

Николај I

Пет кисели краставички дневно му се служеле на Николај I. Царот, во манир кој ни најмалку не бил царски, претпочитал вода отколку вино, диететска супа од компири наместо богато шчи, но и каша од хељда, крчкана во земјени садови. Имало и едно јадење на кое царот не можел да одолее. Во Торжок го почестиле шницли од мелено пилешко месо подготвени во гостилницата на Дарја Пожарска. Николај I бил воодушевен и неколку пати ја поканил сопственичката на својот двор.

Александар II

Царот бил страстен ловец, па затоа на трпезата често бил сервиран неговиот улов, како што е мечкина џигерица. Царот сакал да јаде надвор. Сè што немало да се изеде за ручек по ловот им било поделувано на локалните селани. Александар II имал многу едноставен однос кон храната, па наложил ниту еден оброк да не трае подолго од 50 минути. Тоа се покажало како голем проблем за дворската кујна, бидејќи се служеле или јадни ладења или подгревани, што го менувало нивниот вкус. Царот водел сметка за своето здравје. Секојдневно во неговата соба биле носени десетици круши, мандарини, јаболка и портокали, како и три грозда.

Александар III

Наједноставната храна - шчи и каша, прасечко со рен, ја претпочитал Александар III. Рано наутро си правел кафе, а подоцна појадувал барени јајца со 'ржан леб. Вториот појадок секогаш го завршувал со шолја топло чоколадо. На „простите народни јадења“ Александар III им додавал оригинални сосови. На најмилите им угодувал со тоа што им подготвувал пастрмка која сам ја ловел со сос од тартуфи. Ид вино повеќе ги сакал домашните отколку странските со кои биле служени странските гости.

Николај II

Во детството идниот принц појадувал, ручал и вечерал почитувајќи го строгиот распоред на татко му. Децата последни седнувале на маса. Требало да се биде брз, откако царот ќе завршел со јадењето, оброкот се сметал за завршен. Така малите Романови често останувале гладни. Еднаш, Николај, кој немал доволно време за јадење, го изел восокот од крстот што го носел околу вратот, за што подоцна се покајал. Последниот руски император редовно јадел каша, а наутро со кафето сакал и топол калач (печиво во вид на ѓеврек со „дршка“). Пред вториот појадок или ручек знаел да испие неколку чашки вотка. А од главните јадења најмногу сакал барено говедско или риба, а не викал „не“ ниту на пржени пељмени.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња