Млечниот „коржик“ е ронлив кекс направен од благо тесто. Секој што пораснал во Советскиот Сојуз го знае овој кекс. Дури и денес се наоѓа на менито на многу училишни мензи. Секој Русин лесно ќе ги препознае тркалезните, тврди колачиња со брановидни рабови. Во мензите порано децата долго стоеја во ред за овие вкусни колачиња.
Коржик се состои само од основните состојки за слатки, но има една специфичност во подготовката која им дава мазна и пуфчеста структура.
Тестото за пециво се прави многу лесно. Јас додавам брашно, јајце и путер во оладено зашеќерено млеко и ги мешам сите состојки. Исто така, пред печење тестото го ставам еден час во замрзнувач за полесно да се развие. Инаку, рецептот е многу едноставен, па дури и децата можат да ви помогнат да го подготвите.
Коржиците се добри за појадок или за ужина. Моите колачи ги споделив со неколку пријатели кои се сеќаваат на овој колач од детството. Мојот труд не беше залуден, бидејќи сите се сетија на кексот во кој уживаа како деца.
За тестото:
Брашно - 420-440 g
Шеќер - 200 g
Путер - 100 g
Млеко - 100 g
Јајце - 1 пар.
Ванилин шеќер - 1 лажица
Сода бикарбона - 1 лажичка
Сол – прстофат
За глазурата:
Жолчка + 1 лажица млеко
Загрејте го млекото, додајте ги шеќерот и ванилин шеќерот и загревајте додека шеќерот не се раствори.
Оставете го млекото да се излади до млако, а потоа додајте ги јајцето и путерот. Додајте го брашното и месете додека не добиете меко тесто. Според рецептот, потребни се 420 гр брашно, но јас додадов уште 20 гр.
Тестото завиткајте го во фолија, развлечете го да се излади побрзо и ставете го во фрижидер.
Тестото расукајте го со сукало меѓу две хартии за печење и посипете го со брашно.
Тестото треба да биде дебело 7-8 милиметри. Токму според оваа дебелина и големиот дијаметар коржиците се разликуваат од обичниот кекс. Така однадвор ќе бидат крцкави, а внатре прилично меки.
Со калап исечете ги формите. Класичниот калап има брановиден раб и дијаметар од околу 9 сантиметри. Мојот калап има дијаметар од 7 см.
Изматете ги жолчката и млекото, а потоа премачкајте го кексот.
Печете 10-12 минути во загреана рерна на 190-200°C. Важно е да не се препечат. Потоа изладете го бисквитот на решетка. Послужете со млеко или чај.
Уживајте!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче