- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Министерската торта е позната под уште неколку други имиња. Некои ја нарекуваат „генералска“, други „кралска“, а некои ја знаат по романтичното име „Дамин хир“.
Автентичниот рецепт за тортата ни остана уште од советската ера, зачуван во тефтерите на домаќинките. И сето тоа благодарение на необичните кори. Тортата има три кори и секоја од нив содржи многу здрави состојки, како што се афион, лешник и суво грозје.
Афионот е познат како антиоксиданс и имуномодулатор. Лешниците се шампиони по содржина на протеини и други хранливи материи. Сувото грозје е суперхрана за зајакнување на имунитетот и добра работа на срцето.
Три домашни кори со суво грозје, афион и лешници се комбинираат со фин фил од путер и кондензирано млеко. Површината на тортата се украсува со лешници и чоколадна глазура. Поради својот необичен вкус и елегантниот изглед, таа е исклучително погодна за вечерни забави и прослави.
Важно е да се обрне внимание на тоа дека тортата треба да почнете да ја подготвувате порано, бидејќи ќе ви треба многу време за да ги испечете трите кори кои потоа треба целосно да се изладат. Исто така, пред сервирање, тортата треба да се остави во фрижидер најмалку еден час.
Состојки за 10 порции:
Олга Бровкина
Тесто:
Јајца - 4 пар.
Афион - 150 g
Лешник - 120 g + 80 g за декорација
Суво грозје – 150 g
Кефир - 400 ml
Брашно - 400 g
Шеќер - 400 g
Сода бикарбона - 1 лажиче
Ванилин шеќер - 10 g
Млеко - 250 ml
Фил од путер:
Кондензирано млеко – 1 конзерва (380 g)
Путер - 300 g
Глазура:
Какао – 2 лажици
Шеќер – 2 лажици
Путер - 50 g
Млеко - 50 ml
Начин на подготовка:
1. Подгответе го афионот во зрно: ставете го во тенџере и прелијте го со млеко, загревајте додека не зоврие; варете додека афионот не го впие целото млеко.
Олга Бровкина
2. Подгответе го сувото грозје: прелијте го со врела вода и оставете го да отстои половина час.
Олга Бровкина
3. Лешниците подгответе ги така што ситно ќе ги исечете.
Олга Бровкина
4. Во посебна чинија измешајте ги кефирот и сода бикарбоната; оставете да отстои 5 минути.
Олга Бровкина
5. Во длабока чинија со миксер добро се матат јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер; додајте ги просеаното брашно и кефирот со сода бикарбоната. Изматете со миксер.
Олга Бровкина
6. Тестото се дели на три дела. Во првиот дел додајте го афионот; во вториот лешниците (но оставете малку за посипување на тортата); во третиот сувото грозје.
Олга Бровкина
Олга Бровкина
7. Калапот се премачкува со масло и се посипува со брашно. Истурете го тестото во калапот и секоја кора печете ја во рерна 25-35 минути на 180ºC.
Олга Бровкина
8. Подгответе го филот од путер со кондензирано млеко: лесно изматете го омекнатиот путер. Потоа, додека уште матите, малку по малку додавајте го кондензираното млеко во путерот и матете додека не се добие пенеста хомогена маса.
Олга Бровкина
9. На тацна се става првата кора. Намачкајте ја со малку фил и ставете ја втората кора. Повторно премачкајте со фил, па ставете ја третата кора. Како горна ставете ја кората што ви испаднала најдобро. Покријте го колачот со филот, премачкајте ги и страните. Ставете во фрижидер неколку часа.
Олга Бровкина
Олга Бровкина
Олга Бровкина
10. За глазурата во тенџерче измешајте шеќер, какао, млеко и путер.
Олга Бровкина
11. Тенџерчето се става на тивок оган и се меша додека не се добие хомогена маса. Оставете да зоврие, тргнете го од оган и оставете да се излади.
Олга Бровкина
12. Штом ќе се олади глазурата, може да се нанесе на тортата. Оставете ја тортата во фрижидер половина час или повеќе за да стегне глазурата.
Олга Бровкина
Потоа исечкајте ги преостанатите лешници и посипете ги врз тортата.
Олга Бровкина
Тортата е подготвена! Пријатен апетит!
Олга Бровкина