- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Секое лето повторно оживуваат дискусиите на тема „Која окрошка е најдобра“. Половина од Русите обично навиваат за квас, 20% од нив се залагаат за кефир или некој друг ферментиран млечен напиток, на некои им е сеедно, а има и такви кои не јадат окрошка „ни под разно“.
Шефот на кујната на ресторанот Л.Е.С. Андреј Колодјажни ги сподели со нас своите оригинални рецепти за окрошка, кои секој треба да ги проба. Можеби ќе ви се допадне окрошка со чај од комбуха?
1. Окрошка со телешки јазик прелиена со квас од мувоморка

Прес-служба
Состојки за една порција:
Квас (без засладувач) - 250 ml
Прав од мувоморка - 3 g (можете да го замените со прав од шампињони)
Ротквица - 20 g
Варен кромпир – 20 g
Краставици – 20 g
Јајце од препелица - 2 пар.
Маринирани рујници - 30 g (можат да се заменат со други печурки, на пример, со шампињони или смрчка)
Микрозеленчук - 3 g
Зелен путер (смеса од путер со иситнет магдонос) - 3 ml
Телешки јазик – 50 g
Прес-служба
Подготовка:
1. Квасот се меша со прав од мувоморка.
2. Телешкиот јазик се вари, за што ќе требаат околу 1,5 – 2 часа. Потоа се става во ладна вода на 2 минути и се чисти.
3. Компирот се вари, се чисти и сечка на коцки. Краставиците и ротквиците се сечат на тенки стапчиња.
4. Печурките се сечат на парчиња. Јајцата од препелица се варат.
5. Во чинија се собираат насечениот зеленчук и јазикот исечкан на коцки, се преливаат со квас со мувоморка.
6. Јајцата од препелица се чистат и сечат на половинки.
7. Окрошката се попрскува со зелениот путер и се украсува со јајцата од препелица, цвеќе и микрозеленчук.
*Користете само купечки прав од мувоморка, проверен во лабораторија и сертифициран. Строго придржувајте се до дозата. Не се препорачува за лица со психички заболувања, бремени жени и доилки.
2. Окрошка со месо од краба, краставици и микрозеленчук прелиена со тан
Прес-служба
Состојки за една порција:
Тан (ферментиран млечен напиток) – 250 ml
Нозе од краба - 50 g
Ротквица - 20 g
Варен компир - 20 g
Краставица - 20 g
Јајце од препелица - 2 пар.
Микрозеленчук - 3 g
Маслиново масло - 5 ml
Прес-служба
Подготовка:
1. Компирот се вари и чисти.
2. Варениот компир, краставиците и ротквиците се сечкаат на издолжени парчиња.
3. Во чинија се собира исечканиот зеленчук, се додаваат нозете од краба.
4. Насечканите состојки се преливаат со тан. Ако немате тан, можете да користете кефир.
5. Јајцата од препелица се варат, чистат и сечат на половинки.
6. Окрошката се попрскува со маслиново масло, се украсува со цвеќе, микрозеленчук (на пример, со ластари на грашок) и јајцата од препелица.
3. Веганска окрошка прелиена со чај од комбуха
Прес-служба
Состојки за една порција:
Ротквица - 20 g
Печен компир – 20 g
Краставици - 20 g
Аспарагус - 20 g
Рабарбара – 10 g
Маринирани рујници - 15 g (можете да ги замените со други печурки, на пример, со шампињони или смрчка)
Шери домати – 15 g
Комбуха - 250 ml
Синап (во зрно) - 1 лажица
Мед - 1 лажица
Сок од лимон - 1 лажица
Прес-служба
Подготовка:
1. Целиот зеленчук се сече на коцки, аспарагусот и рабарбарата се сечат на тенки стапчиња.
2. Компирот се пече.
3. Печурките се сечат на парчиња.
4. Шери-доматите се бланшираат и се лупат.
5. Комбухата се меша со синапот, медот и сокот од лимон.
6. Сите состојки се ставаат во длабока чинија, при сервирање да се прелие со комбуха.