Седум необични јадења на брзата кујна во поларните руски градови

Гастрономска карта на Русија
Во Мурманск, најголемиот град зад Северниот поларен круг, локалните кафе-ресторани креираа иновативен концепт на улична храна додавајќи им на пирошките и руските палачинки „поларна“ арома.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Модерната поларна брза храна го презема она најдоброто од традиционалната кујна на северните народи и го нуди во нова форма. Во Мурманск и соседните градови зад Северниот поларен круг посетителите на локалните фестивали и саеми имаат можност да пробаат необични јадења на брзата кујна.

1. Бељаш со краба

Бељаш е едно од најпопуларните јадења во Русија кога сакате да каснете нешто набрзина. Тоа е тркалезно пржено пециво, обично полнето со мелено месо. Меѓутоа, во Мурманск можете да најдете бељаш полнет со месо од краба. Се подготвува во локалниот ресторан Царскаја охота“ (Царски лов), кој е специјализиран за поларна кујна наменета за локалните градски панаѓури и саеми. Пред нивните камионски киосци секогаш има долги редици! Инаку, бељашот со краба ја освои првата награда на гастрономскиот фестивал „Поларна кино кујна“, одржан во Мурманск на крајот на мај 2022 година.

2. Заебуриха

Ова е необично име за јадење кое е еден вид рибја чорба. Заебуриха е традиционално јадење во кујната на домородниот народ Помори. Тоа е варена риба (најчесто лосос) со компир, морков и кромид, а понекогаш и со булјон. Ќе ја најдете на менито на туристичкиот комплекс „Териберски берег“ (Териберски брег) на брегот на Баренцовото море. Покрај тоа, ова јадење можете да го пробате и на мурманските панаѓури како улична храна. Тоа е типично северно јадење кое ви помага да се загреете на студено.

3. Ирвас „Строганов“

Познатото руско јадење „Бифтек „Строганов“ во арктичката верзија се прави од месо од ирваси. Основачите на мобилниот киоск за храна „Mr. Black“ од градот Запољарни го смислија ова јадење специјално за градски настани. Рецептот е едноставен: слој од пире од компири, парчиња месо од ирвас во сос, малку брусници и кисели краставички. Се служи во тркалезна кутија во стилот на хавајско поке.

4. Јагељ јож

„Јагељ“ се всушност лишаи со кои се хранат ирвасите. Но, тоа е исто така многу популарна северна храна за луѓе. Јадењето наречено „Јагељ јож“ (јагељски еж) е еден од специјалитетите кои можете да ги пробате во ски-центарот „Пољарние зори“, но и како брза храна во Мурманската област. „Јагељ јож“ се всушност крокети завиткани во лишаи и полнети со топено сирење со ракчиња, морски чешли или поларни малини.

5. Баренцови џепчиња

Баренцовото море им дава на жителите на Мурманск изобилство морски плодови. Тоа го инспирирало локалниот производител на храна „Френдшеф“, кој е специјализиран за новата арктичка кујна, да смисли ваков сендвич. Баренцовите џепчиња се направени од 'ржена земичка полнета со џигерица од лосос, краба пржена во путер со лук и сок од лимон, со додаток на компир, јајце и прелив од павлака и сенф. Баренцовите џепчиња се на нивното редовно мени, а на градските настани се нудат и како улична храна.

6. Северни палачинки

Во градот Запољарни постои кафуле на тркала наречено „Куќата на палачинките“. Тоа е редовен учесник на сите панаѓури и саеми во  Мурманската област. Тие печат руски палачинки (блини) со различни поларни филови. Најпопуларни на нивното мени се палачинките „Аромата на Северот“ со месо од ирвас, „Северен ангел“ со ракчиња, „Богатствата на Арктикота“ со кавијар и брусница и „Поларна светлина“ со капини и јагоди.

Вакво нешто нема да најдете на друго место!

7. Лапонска рибја чорба

Лапонците или Самите се домороден народ на рускиот Север кој се занимава со одгледување ирваси и риболов. Едно од најпознатите јадења на нивната кујна е самската рибја чорба. За разлика од другите слични јадења, лапската или самската рибја чорба е преполна со бобинки, главно поларни малини и капини. Вообичаено е прво да се изеде рибата, а потоа да се испие чорбата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња