- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
„Варење“ е стар руски збор што значи „готвен десерт“. Го подготвуваат домаќинките низ цела Русија. А за да го подготват користат речиси сé што може ви текне! Покрај вообичаеното овошје, можете да наидете и на сосем необични комбинации, на пример, слатко од моркови и пупки од невен, или слатко од млади борови шишарки. А дали некогаш ви паднало на ум да направите слатко од краставици?
Постои долга традиција поврзана со овој десерт. Современиците сведочат дека Иван Грозни многу сакал слатко од краставици со мед. Овој десерт се подготвувал во Владимирската област, поточно во Суздаљ (околу 180 километри источно од Москва).
Жителите на Суздаљ сакале да имаат градини. Во советско време, тие ги продаваа своите краставици низ цела Русија.
Уште еден интересен детаљ е дека омилениот летен празник во Суздаљ е Денот на краставицата. Обично се слави третата сабота во јули.
Од краставица се прават многу јадења, но слаткото од овој зеленчук е навистина нешто необично. Ако ме прашате дали вреди да се впуштите во ваков потфат, без сомнение ќе ви кажам дека тоа е царски деликатес! Зошто? Бидејќи има многу нежен и освежувачки вкус. Со додаток на малку јужно овошје, аромата станува сосема извонредна.
Состојки за една тегла слатко од краставици:
Олга Бровкина
Краставици - 1 kg
Шеќер - 600 g
Портокал - 1 пар.
Лимон (или лимета) - 1 пар.
Ванилин шеќер – 1 лажица
Подготовка:
1. Краставиците се мијат, се сечат на коцки. Големите краставици треба да се излупат. Ставете ги парчињата во тенџере.
Олга Бровкина
2. Излупете го портокалот, исечете го на коцки и додадете го на краставиците.
Олга Бровкина
3. Исцедете сок од лимон.
Олга Бровкина
4. Сипете го шеќерот.
Олга Бровкина
5. Добро промешајте, оставете час и половина за зеленчукот да испушти поголема количина вода.
Олга Бровкина
6. Загрејте го слаткото да зоврие на средна температура. Потоа полека намалете ја температурата. Варете 30-40 минути. Не заборавајте повремено да промешате.
7. Кога масата е доволно сварена, додадете го ванилин шеќерот. Добро промешајте. Доколку сте задоволни од густината и слаткото веќе не е премногу ретко, исклучете ја ринглата.
Олга Бровкина
8. Ставете го десертот во тегла и се покрива. Кога ќе се излади, ставете го во ладна просторија. Нашиот десерт е готов! Пријатен апетит!
Олга Бровкина