Русија ќе ги предложи во УНЕСКО пељмените и палачинките како свое нематеријално наследство

Кујна
RUSSIA BEYOND
Откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека францускиот леб би требало да ја дополни листата на УНЕСКО како културно богатство, руските пратеници ги предложија пељмените и палачинките како руско нематеријално културно богатство.

Пратеникот на ЛДПР Александар Курдјумов изјави дека тој би ги ставил на листата на УНЕСКО пељмените. „И палачинките, (блины (рус.) – заб. на ред.) се нашиот руски производ, највкусниот руски производ. Пељмените и палачинките – тоа е она што секогаш се прави во нашите домови. Во секој руски дом прават пељмени и во секој печат палачинки. Тоа се два постојани производи низ вековите“, вели пратеникот.

Тој додава дека нема повкусна храна од пељмените и палачинките.

„Каде и да одам, на службени патувања, надвор од земјата, секаде каде што живеат Руси, секаде се јадат пељмени и палачинки. И сите странци кои доаѓаат кај нас со задоволство јадат палачинки и пељмени, со павлака, со мед, со било што. Каде и да видите пељмени и палачинки – таму се Русите“, заклучи тој.

Прочитајте кога најмногу се јадат палачинки во Русија.