- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Меѓутоа, некои Руси си ги чувале отсечените бради за да бидат погребани со нив, за да не се појават пред Бога, како што кажувале, „со босо лице“. Не биле болјарите единствените кои постапувале така. Англичанецот Џон Пери, бродоградител во Воронеж, во 1703 година запишал дека еден дрводелец ја чувал својата отсечена брада за подоцна да биде погребан со неа и да му ја покаже на оној свет на свети Никола.
А во семејството на Иван Александрович Наришкин (1761-1841) имало украсна кутија во која на перниче се чувала долга сива брада. Најверојатно припаѓала на некој од предците на Наришкини од XVII век и се чувала со цел да биде погребана со нејзиниот сопственик. Поради некоја причина, тоа не се случило и брадата станала семејна реликвија.
Наришкини, исто така, зборувале дека брадата му припаѓала на „јуродивиот“ (богомолец-скитник) Тимофеј Аркипич, кој ѝ пришол на бабата на Иван Наришкин додека таа се молела. Наводно, тој ѝ ја подал својата брада и рекол дека родот на Наришкини ќе трае и дека ќе биде со православна вера сé додека ја чуваат. Меѓутоа, Иван Наришкин одгледал домашни глувци и во една прилика намерно или случајно им дозволил на глувците да влезат во кутијата и да ја изедат белата брада. Како и да е, познато е дека внуките на Иван Александрович Наришкин се омажиле за католици.
Дознајте повеќе за иновациите на Петар Велики: Сечи ја брадата, да не ти ја сечам главата: Иновациите на Петар Велики