Портрет на Фридрих Вилхелм I
Антуан Пен/Германски историски музејПетар Велики знаел за оваа страст на Фридрих. По преговорите во 1716 година за сојуз на Русија и Прусија против Шведска во Големата северна војна, Петар испратил дома писмо со наредба да се најдат 200 руски „долгачи“ и да се испратат во Прусија да му служат на кралот.
Заедно со писмото, Петар испратил и хартиена лента чија должина одговарала на потребната висина, а тоа е 193,5 см. Сенатот издал наредба во различни делови на Русија да се најдат 211 мажи со таа или поголема висина, не постари од 50 години.
Портрет на пешадинецот Свирид Редиванов (Родионов) од Москва, кого рускиот император му го подарил на прускиот крал во замена за Килибарната одаја.
Johann Christof MerckОфицијалното име на полкот на Фридрих Вилхелм било „Големите гренадири на Потсдам“, но тие се попознати како „Потсдамските џинови“ или едноставно „Долгачите“. Се разбира, таму немало само Руси, џиновите биле купувани или грабнувани во разни земји на Европа. „Џиновите“ ја добивале најдобрата храна и услови за живот, носеле специјално скроена црвено-сина униформа, чизми со високи потпетици и капи високи 45 сантиметри, така што изгледале уште повисоки.
Тие всушност никогаш не учествувале во вистински борбени дејствија бидејќи му биле премногу драги на Фридрих Вилхелм, само марширале на воени паради на кралскиот двор и биле нешто како живи играчки. На пример, кога кралот не се чувствувал добро, им било наредувано да маршираат низ неговата соба.
Кога починал Фридрих во 1740 година, полкот „Потсдамски џинови“ броел околу 3200 луѓе. Неговиот син, Фридрих II Пруски, попознат како Фридрих Велики, го сметал полкот за непотребен трошок. Го свел на ниво на баталјон и ги интегрираше повеќето негови војници во други воени единици.
Не е познато колку руски долгачи се вратиле дома.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче