- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Почетокот на годината го одбележа тажна вест за целата земја: на 21 јануари умре водачот на револуцијата Владимир Ленин.
Од неговиот имот Горки во близина на Москва, телото беше пренесено во Москва со погребен воз.
Мноштво народ се собра да ѝ оддаде последна почест на култната личност и на имотот Горки...
... и, се разбира, во Москва.
На денот на погребот имаше силен студ. Погледнете како смрзна Феликс Ѕержински.
Најпрвин беше изграден привремен мавзолеј за балсамираното тело на Ленин.
Потоа, во мај 1924 година, наместо привремениот, беше изграден друг дрвен мавзолеј.
Веднаш по смртта на водачот, Петербург (поточно Петроград, како што се викаше тој град по почетокот на Првата светска војна) беше преименуван во Ленинград. Во септември градот го погоди голема поплава. Луѓето се движеа во чамци.
Вака изгледаше Москва во 1924 година - кочијачи, калдрма, пешаци. Од десната страна е луксузниот хотел „Метропол“ во арт нуво стил (Art nouveau). Денес овде (т.е. во Театралниот премин) има широк автопат со постојан метеж.
Ова е Сухаревскиот пазар. Реликвија на Москва во царскиот период. Наскоро на ова место ќе се изгради пат, а високата Сухаревска кула по 10 години ќе биде урната.
Со доаѓањето на советската власт Црвениот плоштад стана место каде се организираа големи манифестации и паради. Советската власт посветуваше големо внимание на здравјето, бидејќи градителите на комунизмот мораа да бидат силни и издржливи. На фотографијата е прикажана една од многуте фискултурни паради.
Новата влада привремено донесе своја верзија на слободата. Се појави друштвото „Долу срамот“ („Долој стид“) кое се бореше против „буржоаските предрасуди“ и промовираше сексуална и телесна слобода, пропагираше нудистички плажи, па дури и планираше да организира парада на Црвениот плоштад во Москва чии учесници ќе беа голи. На фотографијата е активистка на движењето.
Овие млади луѓе се претставници на еден нов вид уметност – спектакуларен танц.
Беше воведена традицијата на „производствена гимнастика“ во претпријатијата, училиштата и санаториумите, па дури и на брод (на сликата).
Советската пропаганда посвети големо внимание на воспитувањето на децата, соодветната грижа за нив и правилната исхрана.
Пионерската организација беше основана во 1922 година, а по смртта на Ленин го доби неговото име. Во мај 1924 година на Црвениот плоштад се одржа првата пионерска парада.
Болшевиците активно се занимаваа со прашањето на бездомните деца. По граѓанската војна имаше многу такви деца, затоа беа отворани сиропиталишта и училишта за сирачиња. На фотографијата бездомници со придружници.
Новата власт ја започна борбата за елиминација на неписменоста. Масовно беа отворани бесплатни училишта за деца и возрасни. Работниците учеа да читаат и пишуваат. Читални и библиотеки се појавија дури и во малите села.
Градската библиотека во Чељабинск, Урал.
Болшевичката пропаганда исто така сфаќаше колкава важност има филмската уметност. Така, во 1924 година беше снимен филмот „Црвениот партизан“ за злосторствата на монархистите за време на граѓанската војна и за храброста на партизаните-болшевици.
Тие 1920-ти беа доба на авангардата и НЕП (прочитајте повеќе за Новата економска политика овде). На фотографијата е главниот фотограф на авангардата Александар Родченко, во костим дизајниран од неговата сопруга, уметницата Варвара Степанова.
Популарниот поет Сергеј Есенин. Фотографија направена една година пред неговата трагична смрт.
А ова е Владимир Мајаковски на врвот на својата слава. (Погледнете фотографија од пред десет години на која изгледа поелегантно и „побрутално“).
А ова е Лиља Брик, легендарната муза на Мајаковски и секс-симбол на авангардната ера.
Нејзината позната фотографија за рекламниот плакат „Книги“ ја направи Александар Родченко.
Многу странски гости ја посетуваа советска Москва. На фотографијата е средба со јапонскиот писател Тамизи Најто. Втор од десно е режисерот Сергеј Ајзенштајн, додека од лево се Борис Пастернак и Владимир Мајаковски.
А оваа личност со тажен поглед е Ана Ахматова, ѕвездата на „Сребрениот век“ на руската поезија.
Покрај уметноста, имаше достигнувања и во социјалната сфера. Првиот советски камион е произведен во 1924 година.
А во фабриката „Црвен путиловец“ („Красный путиловец“) беше направен првиот трактор.
Да погледнеме и некои случајни фотографии од други градови и луѓе. Ова е трговскиот центар во Нижни Новгород.
Уште пред револуцијата Нижни Новгород беше познат по големите саеми. Во СССР оваа традиција продолжи, па во 1924 година се одржа Третиот советски Нижненовгородски саем.
Војник на Црвената армија учи да управува со воздушен балон.
Поправка на авион во работилница за воздухоплови.
Обичен московски пикник.
Селанка на сеидба.