За време на своето постоење Црвениот плоштад веројатно нема видено толку многу свечени настани. Се одржуваа, меѓу другото, и празнични демонстрации...
Парада. „Да живее единствената школа на трудот“
МАММ / МДФ/Russia in photoИ воени паради...
Воена парада на Црвениот плоштад, 1 мај.
Петар Оцуп/МАММ / МДФ,Фонд Рибчинского и Гладкова/Russia in photoИ масовно организирани прошетки на разни индустриски синдикати, и спортски настани...
Колектив на Московскиот мјузикл-хол
МАММ / МДФ/Russia in photoИ средби на жени-комунисти од целиот свет...
Делегати на Втората меѓународна конференција на жени-комунисти. На говорницата е Анатолиј Луначарски.
МАММ / МДФ/Russia in photoОдржувана е и обука на Кремљовскиот полк.
Обука на Кремљовскиот полк.
МАММ / МДФ/Russia in photoПо смртта на Владимир Илич Ленин во 1924 година, на Црвениот плоштад се појави мавзолејот на Ленин, новиот атрибут на советската власт кој со текот на времето прерасна во култ. Мавзолејот најпрво привремено беше направен од дрво, а потоа од камен.
Пред мавзолејот
МАММ / МДФ/Russia in photoМитинзи и собири не се одржуваа само на Црвениот плоштад. Агитациската работа со населението се одвиваше во целиот град.
Пречистенската капија, прослава на 1 Мај.
МАММ / МДФ/Russia in photoАгитациски автомобил во Мјасничката улица.
Меѓународниот ден на младината.
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photoМитинг на Ходинско поле (симболично е што токму таму се славеше крунисувањето на Николај II и што многу луѓе ги загубија животите во толпата што се создаде кога бесплатно се делеа подароци).
На Ходинско поле
Петар Оцуп / Russia in photoЕдна од најпознатите фотографии на водачот на револуцијата: Ленин им држи говор на војниците на Црвената армија.
Ленин на говорница
Петар Оцуп//Russia in photoДури и на железничките станици беа основани „агитациски пунктови“ кои служеа како центри на масовна политичка работа. На фотографијата е Курската железничка станица.
Курската железничка станица
МАММ / МДФ/Russia in photoЛуѓе од село доаѓаат во Москва за сезонска работа.
На перонот на Казанската железничка станица
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photoБолшевиците основаа агитациски театарски трупи кои изведуваа различни претстави. Така, политичките теми беа поинтересни и полесни за разбирање (особено кога стануваше збор за неписмените). На фотографијата настапува трупата „Сина блуза“ со краткото театарско дело „Црвената армија“.
Имаше и патувачки филмски екипи кои снимаа и прикажуваа филмови - нов вид уметност на која болшевиците ѝ придаваа големо значење.
Филмската екипа на II и III Конгрес на Коминтерната
Државен музеј на политичката историја на Русија/Russia in photoРеклама за филмот на Сергеј Ејзенштајн „Крстосувачот „Потемкин“ на фасадата на Уметничкото кино.
Првиот Уметнички филмски театар
МАММ / МДФ/Russia in photoНа новата земја ѝ требаше нова уметност, па беше отворено училиштето ВХУТЕМАС (Високи уметничко-технички работилници).
Во работилница на ВХУТЕМАС
Збирка на А. Лаврентјев / Russia in photoБолшевиците агресивно ги затвораа црквите и го конфискуваа црковниот имот. Голем дел од црковните скапоцености беа продадени на Запад или претопени за потребите на војската. На фотографијата војници во Кремљ изнесуваат скапоцености од Симоновиот манастир, кој подоцна ќе биде срушен.
Војници на Црвената армија изнесуваат црковни скапоцености
Од личната збирка на С. Бурасовски / Russia in photoПоглед на Страсниот плоштад (десно е Страсниот манастир кој подоцна беше урнат).
Страсниот плоштад
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photoСтариот храм „Христос Спасител“, урнат во текот на 1930-тите.
Храмот „Христос Спасител“
Сергеј Коршунов/МАММ / МДФ/Russia in photoМодата во 1920-тите. Девојки од времето на НЕП (нова економска политика) шетаат на Чистопрудниот булевар во центарот на Москва.
Чистопрудниот булевар, 1920-тите
Семјон Иљин/ГИН РАН/Russia in photoСухарева кула – здание кое Москва го загуби засекогаш. Урната во 1934 година.
Сухарева кула
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photoСтаница за трамвај на Сухаревскиот плоштад.
На Сухаревскиот плоштад
Александар Родченко / МАММ / МДФ/Russia in photoВо 1920-тите во Москва сè уште можеше да се сретнат голем број коњски запреги. Многу улици беа тесни, но имаше и многу широки, со густ сообраќај од јавниот и приватниот транспорт. На фотографијата се гледаат белите ѕидини на Китај-Город, кои ќе бидат урнати во 1930-тите со цел да се прошират авениите и да се добие повеќе простор за сообраќај.
Ѕидините на Китај-Город и споменикот на првиот печатар Иван Фјодоров
МАММ / МДФ/Russia in photoВо зградата на благородничкиот Англиски клуб во текот на 1920-тите беше организирана изложбата „Црвена Москва“, а подоцна беше отворен Музејот на револуцијата на СССР.
Музеј на Револуцијата на СССР
МАММ / МДФ/Russia in photoБолшевиците не уриваа само. Нешто и градеа. Еден од симболите на епохата и вистинско ремек-дело е Шуховската телевизиска кула. Фотографијата ја направи Александар Родченко, главниот авангарден фотограф во тоа време. За новите необични градби тој пронаоѓаше нови необични агли на снимање.
Шуховска кула
Александар Родченко / МАММ / МДФ/Russia in photoА ова е монументалната Серуска земјоделска и занаетчиско-индустриска изложба одржана во 1923 година на Воробјови Гори. Подоцна за неа беше одвоена посебна локација каде беше уреден огромниот парк ВДНХ (Изложба на достигнувањата на народното стопанство).
Серуска земјоделска и занаетчиско-индустриска изложба
Сојуз на фотографските уметници на Русија / Russia in photoНова зграда во улицата „Усачова“.
Скалила одозгора. Нови згради, Усачовка.
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photoВо 1925 година во Москва е изградена нова зграда во модерниот конструктивистички стил. Фасадата на Домот на „Моссељпром“ (Московска трговско-индустриска организација) ја красеше реклама во стилот на авангардата. На неа пишува: „Квасец“, „Тутун“, „Пиво и други пијалаци“, „Кекс“, „Бонбони“, „Чоколади“ и „Никаде како во „Моссељпром!“.
„Моссељпром“ (Московска асоцијација на претпријатија за преработка на земјоделски производи)
Александар Родченко / МАММ / МДФ/Russia in photoА вака изгледаше тезга за продажба на тутун на „Моссељпром“.
Кутии за цигари, производ на „Моссељпром“
Александар Родченко / МАММ / МДФ/Russia in photoКонструктивистичката зграда на планетариумот е изградена во 1929 година. Сталин во автомобил пред театарот „Бољшој“, 1926 година.
Театралниот плоштад, поглед од театарот „Бољшој“.
Поглед од театарот „Бољшој“ на Театралниот плоштад
Аркадиј Шајхет/Приватна колекција/Russia in photoКапење со поглед на Кремљ. Денес е тешко и да се замисли некој да се капе во реката Москва во центарот на градот.
Одмор на брегот на реката Москва
Архива на корисникот Leonoro Karel//Russia in photoИсконска руска разонода – спуст од снежниот рид на Воробјови Гори.
Воробјови Гори
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photoДеца се возат во санки што ги влечат магариња во Петровскиот парк.
Возење со санки во кои се впрегнати магариња, Петровски парк.
Аркадиј Шајхет / МАММ / МДФ/Russia in photo
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче