- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Авионите, борбените возила или автомобилите уништени или изгубени во борба не беа предмет на плаќање. А по завршувањето на војната, преживеаното оружје требаше да се врати.
Ако СССР планираше да користи западна цивилна техника во повоената обнова на економијата (како што се случи со американските камиони „Студебекер“), требаше да плати за неа.
Западните испораки надвор од оваа програма се плаќаа веднаш и во злато. Освен тоа, во рамките на таканаречениот „реверзен заем и наем“, Советскиот Сојуз на сојузниците им испраќаше руда на хром и манган, платина и дрвена граѓа.
Вредноста на испорачаните стоки во рамките на програмата за наем и заем од САД, Велика Британија и Канада во СССР за време на целата војна се проценува на околу 13 милијарди долари. Во 1947 година Вашингтон ѝ испрати фактура на Москва за преживеаната цивилна техника и опрема во висина од 2,6 милијарди долари.
Советскиот Сојуз не се согласи на таквата пресметка и преговорите траеја со години. Дури во 1990 година страните се договорија до 2030 година да бидат исплатени 674 милиони долари.
Во 2006 година Русија, како наследничка на Советскиот Сојуз, го исплати целиот овој долг.