Од почетокот на нападот на Вермахтот врз СССР, ситуацијата со автомобилскиот транспорт во советската војска беше катастрофална. Црвената армија имаше околу 280000 камиони, што беше доволно да покрие само една третина од потреби во воено доба.
Почетната мобилизација на транспортни возила од цивилниот сектор се одвиваше исклучително бавно, а возилата најчесто пристигнуваа неисправни и некомплетни. Покрај тоа, индустријата се префрли на производство на воена техника, па немаше доволно капацитети за производство на камиони.
Испраќање техника на фронтот кај Москва.
Archive photoПостоеше опасност забележливиот недостаток на камиони ГАЗ, ЗИС и ЈАГ за транспорт на војници и артилерија, како и за снабдување со храна и муниција, да доведе до нагло намалување на мобилноста на советските трупи.
Тогаш на помош на својот сојузник му дојдоа САД, Велика Британија и Канада. Во текот на целиот период на војната, тие му испорачаа на Советскиот Сојуз околу 400000 камиони, трактори, оклопни ремонтно-евакуациски машини и воени возила, како и амфибиски возила.
Газ-АА
Archive photoЗа време на војната, Црвената армија доби од странство камиони Chevrolet, Ford, Dodge, Studebaker, основниот камион на американската армија GMC CCKW наречен Џими, тегначот Diamond и други.
Западните возила им се допаднаа на војниците на Црвената армија. Камионите беа сигурни и комфорни, имаа херметички затворени кабини низ кои не дуваше ниту за време на зимските студови, лесно и практично управување, моќни мотори и одлична проодност на секаков терен.
Возила испорачани врз основа на Законот за заем и наем.
Archive photo„ЗИС имаше две оски и се гасеше на лош пат. А „Студебекерите“ се добри на секој терен, имаа и предна и задна влечна сила и поголеми маневарски можности“, се сеќава потпоручникот на минофрлачки баталјон Павел Гуревич.
Павел Гладков, кој управуваше со противвоздухопловно артилериско орудие, тврди дека дури и на многу влажен терен по обилните дождови „нашите „Шевролети“ пловеа како лаѓи“.
БМ-13Н (на шасија на „Студебекер“)
Archive photoЗападните автомобили имаа и недостатоци. Се покажа дека моторите на возилата „Шевролет“ беа многу слаби и не можеа да ги транспортираат повеќецевните ракетни фрлачи БМ-13 „Катјуша“ на терен со лоши патишта. Покрај тоа, и шасијата им беше слаба и не можеше да ја издржи тежината на тоа орудие.
Некои советски војници се жалеа дека „Форд 6“ лизга и во најмала кал. Покрај тоа, заедничка карактеристика на сите камиони испратени според Законот за заем и наем беше нивната потреба од висококвалитетни горива и масла, што им предизвикуваше проблеми на советските трупи.
Форд-6
Archive photoНајмногу примероци (околу 200000) беа испорачани од „Студебекер“, најпопуларниот американски камион во Црвената армија. Се користеше за влечење орудија со калибар до 150 мм, за транспорт на товар и персонал, а исто така и како шасија за разни повеќецевни ракетни фрлачи.
Врскарот Семјон Бревдо го опишува тој камион вака: „[Советските камиони] се заглавуваа на патиштата и ние буквално моравме на нашите раменици да ги извлеуваме од калта. А американските камиони „Студебекер“ за нас беа спас. Имаа чекрк со челичен кабел напред над браникот. Чекркот го движеше мотор. Тој камион можеше сам да се извлече ако на другиот крај од одвитканата сајла има за што да се закачи, а можеше да го извлече и кој било друг камион. Ако конвојот имаше еден или два „Студебекери“, тоа беше спасот“.
Студебекер
Archive photoВо СССР пристигнаа и американските воени автомобили „Вилис“ и DodgeWC-51. „Доџ“ првично беше наменет за влечење лесни полски топови, но во Црвената армија активно го користеа и минерите, врскарите, лекарите и извидниците. Поради неговата носивост од 3/4 тони го доби прекарот „Доџ три четвртини“.
Dodge WC-51
Archive photoСоветските трупи добија двојно повеќе „Вилиси“ (52000) отколку автомобили „Доџ“ (25000). Тие влечеа противтенковски топови од 45 мм и беа многу популарни меѓу командата и извидниците благодарение на нивната брзина (105 км/ч), добрите маневарски способности и малите димензии што им овозможуваа лесно да се камуфлираат.
Willys
Archive photoЗа време на воените години СССР доби над 3000 амфибиски возила Ford GPA базирани на „Вилис“. Тие беа од голема корист за советските трупи при преминувањето на бројни водени пречки во Источна Европа, особено што пред тоа сличен вид вооружување практично не беше присутен во Црвената армија.
Ford GPA
Archive photoПо војната, во согласност со Законот за заем и наем, дел од западната помош беше вратен во САД, додека еден број автомобили „Доџ“ и камиони „Студебекер“ останаа во Советскиот Сојуз. Тие беа користени во советската армија до крајот на 1940-тите, а за потребите на земјоделството до средината на 1960-тите.
„Студебекер“ во повоените години.
Archive photoПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче