- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
За време на „Битката на народите“ кај Лајпциг на 16 октомври 1813 година, во населбата Госа полкот се судрил со бројно супериорниот непријател. Кореној им помогнал на ранетите офицери да се префрлат преку камена ограда, а потоа со група стрелци го покривал нивното повлекување.
Најпрвин неговите војници возвратиле со оган, а потоа со бајонети го одбивале непријателот кој надирал. На крај само Леонтиј останал на нозе.
Французите му понудиле на храбриот гранадир да се предаде, а тој наместо одговор ја зграпчил пушката за цевката и почнал да мавта со неа како со стап.
Дури по неколку удари со бајонет Кореној паднал на земја. Од почит кон неговата храброст непријателските војници не го дотепале туку го испратиле во болница. На телото на Леонтиј имало осумнаесет рани.
Наполеон бил информиран за подвигот на храбриот руски војник. Воодушевениот император го спомнал во својата наредба следниот ден, нарекувајќи го херој кој треба да биде пример за француските војници.
По лекувањето, гренадирот, кој едвај се движел, бил испратен на позициите на руската војска, каде сите веќе го сметале за мртов. „Ваше високоблагородство, чест ми е да ви се обратам: пристигнав од заробеништво. Бев ослободен по наредба на Бонапарта лично...“, му рапортирал на командирот на четата.
За неговата храброст Леонтиј Кореној бил унапреден во виш подофицерски чин поручник и му била доверена должноста на барјактар во полкот. Покрај тоа, бил одликуван со сребрен медал „За љубов кон Татковината“.