Маршалите на Советскиот Сојуз (одлево надесно): Константин Константинович Рокосовски, Матвеј Василевич Захаров, Климент Ефремович Ворошилов, Георгиј Константинович Жуков и главниот маршал на авијацијата Константин Андреевич Вершинин наспроти Парада.
Sputnik1. Се смета дека Ворошилов бил првиот маршал на Советскиот Сојуз, иако заедно со него во овој чин се унапредени уште четворица
Климент Ефремович Ворошилов прима рапорт на Парадата, Црвен плоштад.
Иван Шагин/SputnikИмено, на 20 ноември 1935 година за првпат во советската историја, петмина команданти на Црвената Армија – Семјон Будјони, Климент Ворошилов, Александар Егоров, Михаил Тухачевски и Василиј Бљухер – се унапредени во чин „маршал на Советскиот Сојуз“. Во тоа време ова бил највисокиот воен чин.
Сите тие во исто време станале маршали, но во сеќавањето на народот токму Климент Ворошилов останал како прв. „И првиот маршал ќе ве поведе во бој!“, се пееше за него во популарната советска песна.
Ворошилов имал многу поголемо влијание од другите команданти, и не само што бил на функцијата народен комесар (министер) за одбрана, туку и уште од граѓанската војна бил близок пријател на Сталин. Советскиот лидер високо ја ценел грижливоста и преданоста на Климент Ефремович.
2. Михаил Тухачевски бил најмладиот маршал на Советскиот Сојуз
Маршалот на Советскиот Сојуз Михаил Николаевич Тухачевски. (1893-1937).
SputnikМихаил Тухачевски имал 42 години во времето кога му е доделен највисокиот воен чин, поради што се смета дека бил најмладиот маршал на Советскиот Сојуз.
Фактички, имало и помлади маршали од него. На пример, Александар Голованов го добил звањето маршал на авијацијата кога имал 39 години, а исто толку имал и Иван Пересипкин кога станал маршал на единицата за врска. Меѓутоа, чинот маршал во овие родови на војската или во специјалните единици одговараат на звањето генерал на армија.
3. Маршалот Малиновски во младоста се борел во француската „африканска војска“
Родион Јаковлевич Малиновски (1898-1967) – советски војсководец и државник.
Министерство за одбрана на РФДесетарот Родион Малиновски се нашол во Франција пролетта 1916 година каде што престојувал во состав на Рускиот експедициски корпус што императорот Николај Втори го испрати на помош на сојузничката армија. Корпусот е расформиран по револуционерните настани од 1917 година.
Малиновски продолжил да се бори против Германците на Западниот фронт во редовите на „Руската легија на честа“. Оваа формација била дел од Првата мароканска дивизија на француската „африканска армија“, стационирана во Алжир, Мароко и Тунис, и ангажирана во борбени дејствија во Европа.
Идниот маршал се истакнал за време на пробојот на утврдувањето „Хинденбуршка линија“ есента 1918 година, поради што е награден со француски Воен крст со сребрена ѕвезда. Во Русија се вратил по завршувањето на војната.
4. Маршал Говоров во Граѓанската војна се борел против болшевиците
Леонид Говоров во јануари 1920 година стапил во состав на 51 стрелечка дивизија како доброволец под команда на Василиј Блухер.
МАММ/МДФ/russiainphoto.ruНа почетокот на Граѓанската војна во Русија во 1918 година Леонид Говоров живеел во Елабуза, малечок град во близина на Казањ. Тогаш веќе имал завршено артилериска школа и отслужил кратка служба во Руската царска армија од која е демобилизиран како заставник.
Во септември Говоров се придружил на „белите“ чии единици го зазеле градот. Самиот Леонид Александрович подоцна тврдел дека бил мобилизиран.
Нешто помалку од една година идниот маршал се борел во 8 Камска стрелечка дивизија на Западната посебна армија, каде што командувал со артилериска батерија. Во чин потпоручник е унапреден на 13 јули 1919 година со наредба на врховниот командант адмирал Александар Колчак.
Меѓутоа, кога во ноември и декември 1919 година „белите“ единици на истокот од земјата претрпеле тежок пораз и започнале да се повлекуваат зад Урал Говоров одлучил да премине во таборот на „црвените“.
5. Константин Рокосовски – единствениот советски маршал кој бил и маршал на Полска
Константин Рокосовски
Галина Сањко/Sputnik„Јас сум најнесреќниот маршал на Советскиот Сојуз. Во Русија ме третираа како Полјак, а во Полска како Русин“, се жалелКонстантин Рокосовски кој родум бил од Варшава. Татко му бил Полјак по националност и обичен работник, а мајка му Русинка, учителка. Рокосовски станал еден од најдобрите команданти во Втората светска војна.
По победата командувал со Северната група на советските единици која била стационирана во Полска. Во октомври 1949 година на молба на Болеслав Берут, претседателот на Полската Народна Република, и со дозвола на раководството на СССР ја зазел позицијата на министер за национална одбрана. Истата година му е доделено звањето маршал на Полска.
6. Маршалот Семјон Тимошенко се ородил со Сталин, но не бил среќен поради тоа
Семјон Тимошенко
Иван Шагин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruМаршалот на Советскиот Сојуз Семјон Тимошенко во 1945 година се спротивставил на бракот на својата ќерка Екатерина со синот на Јосиф Сталин Василиј. Бил сигурен дека таквиот сојуз не може да донесе ништо друго освен неволи.
Василиј Сталин бил склон кон пијанство и разуздан начин на живот, а покрај тоа сѐ уште бил во брак со својата прва сопруга. Меѓутоа, ќерката на маршалот ја игнорирала забраната и кршејќи ги сите формалности се омажила за својот сакан.
Јосиф Сталин ја прифатил одлуката на сина си, но подоцнежните настани покажале дека Тимошенко имал право. Заедничкиот живот на младите мошне бргу се претворил во кошмар, полн со неверства, пијанства, скандали и насилства. По неколку години Василиј и Екатерина се раздвоиле.
7. По маршалот Будјони името го добиле капа и раса коњи
Семјон Будјони
Archive photoСемјон Будјони беше еден од главните херои на Граѓанската војна во Русија. Овој смел коњаник командуваше на Првата коњичка армија, која стана најмоќната и најпозната воена формација во Вооружените сили на младата советска република.
Зборот „будјоновец“ се асоцира со храброст, а војничката зимска капа во облик на шлем на староруски војник неофицијално се нарекуваше „будјоновка“.
По завршувањето на Втората светска војна Будјони беше заменик-министер за земјоделство на СССР за коњарство и одгледување коњи и има напишано над 70 трудови на оваа тема. Под негова редакција е објавена монументалната петтомна енциклопедија „Историја на коњот“. Во Советскиот Сојуз во 1948 година е создадена раса коњи која по маршалот го доби името „будјоновка“.
8. Жуков го зазеде Берлин, но тој не ја дотолчи нацистичка Германија
Маршалот Иван Конев на воена вежба
Анатолиј Егоров/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruУтрото на 2 мај 1945 година остатоци од берлинскиот гарнизон се предадоа на единиците на 1 белоруски фронт на маршалот Георгиј Жуков. Тешката и крвава битка за престолнината на Третиот рајх заврши со победа на Советскиот Сојуз. Меѓутоа, со заземањето на „дувлото на фашистичката ѕверка“ војната не беше завршена.
Раководството кое беше на чело на Третиот рајх по самоубиството на Хитлер и понатаму на територијата на Чехословачка имаше контингент од 900.000 луѓе кои се обидуваа да се пробијат на Запад и пред сојузниците.
Главна улога во целосното уништување на непријателот ја одиграа единиците на Првиот украински фронт на маршалот Иван Конев. За време на Прашката офанзива (од 6 до 11 мај) остатоците од групата армии „Центар“ и „Југ“ конечно беа поразени, заробени беа речиси 860.000 германски војници и ослободена беше целата територија на Чехословачка.
Во своите мемоари „Четириесет и петта“ маршалот Иван Конев пишува: „Кога одам на Олшанските гробишта во Прага каде што почива правта на нашите војници и офицери кои загинаа во Прашката операција, со тага го читам на спомениците украсени со цвеќе датумот '9 мај'. Војната во суштина беше завршена, а овие луѓе загинаа тука, во прашките предградија кога целата наша земја веќе ја славеше победата. Загинаа во последните судири со непријателот, храбро довршувајќи ја започнатата работа“.
9. Кулик бил единствениот советски маршал кој е деградиран за време на Втората светска војна
Советскиот маршал Григориј Иванович Кулик
Archive photoМаршалот Григориј Кулик во војната против нацистичка Германија направи цела серија мошне впечатливи утки. „Со горчина го паметам тој човек“, има напишано во мемоарите Александар Василевски. „На почетокот на војната неуспешно ги реализираше задачите на Штабот на западната насока, потоа исто толку слабо командуваше со една армија кај Ленинград. Поради негативните лични особини не го почитуваа во војската и не умееше организирано да раководи со дејствијата на единиците“.
Есента 1941 година Кулик како ополномоштеник на Штабот на Врховната команда е упатен во градот Керч и во Ростов на Дон со наредба да ги одбрани со своите сили. Меѓутоа, и двата града паднаа во рацете на непријателот.
Поради тоа на 19 февруари 1942 година Кулик е деградиран во чин генерал-мајор. И понатаму со определени ограничувања беше вклучен во воени операции, но никогаш не успеа да постигне видливи резултати. Воениот чин маршал војсководец му е вратен постхумно, дури во 1957 година.
10. Само две лица во историјата станаа четирикратни Херои на Советскиот Сојуз. И едниот и другиот беа маршали
Маршал Георгиј Жуков прима рапорт на Парадата на Победата
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruДа се стане Херој на Советскиот Сојуз во времето на СССР беше најголема чест. Многумина оваа награда ја добиваа два, па дури и три пати, но само двајца имаа чест да станат четирикратни Херои на Советскиот Сојуз.
Еден од нив е маршалот Георгиј Жуков, најдобриот командант на Црвената армија во Втората светска војна, а другиот е шефот на државата Леонид Брежњев, кој во 1976 година е унапреден во чин маршал.
Покрај тоа, Брежњев стана и најстариот маршал на Советскиот Сојуз зашто во моментот на унапредувањето имаше 69 години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче