„Сите одлуки му се обмислени, наредбите кратки, но целосно јасни. Секогаш е изискувачки спрема себе и своите подредени, секогаш строг и принципиелен. Меѓу војниците, офицерите и генералите на фронтот ужива огромен авторитет и почит“, вака генералот Борис Бичевски го опиша маршалот на Советскиот Сојуз Леонид Говоров. Генералот кој извојува победи на северозападот на СССР во Втората светска војна стана легенда на Црвената армија. Интересно е, меѓутоа, дека овој исклучителен војсководец некогаш војуваше против истата таа војска.
Говоров ја предводи парадата на Црвениот плоштад по повод 30-годишнината од Октомвриската револуција
Министерство за одбрана на РФВо 1918 година, кога врз урнатините на Руската империја беснееше Граѓанската војна, Леонид Говоров живееше во малиот град Елабуга, недалеку од Казан. Зад себе имаше школување во артилериско училиште и кратка служба во војската од кој беше демобилизиран со чин заставник. Говоров не остана настрана од конфликтот. Им се приклучи на белогардејците кои во септември истата година го зазедоа Елабуга. Лично Леонид Александрович подоцна тврдеше дека бил мобилизиран.
Леонид Говоров помина речиси една година во 8 Камска стрелечка дивизија на Западната посебна армија, каде командуваше со артилериска батерија. По наредба од 13 јули 1919 година, врховниот командант адмирал Александар Колчак го назначи за потпоручник. Меѓутоа, кога во ноември-декември 1919 година белогардеците на истокот на земјата претрпеа тежок пораз и почнаа да се повлекуваат на Урал, Говоров реши да премине на страната на „црвените“.
Леонид Говоров со сопругата, 1923.
Јавен доменЛеонид Александрович беше еден од неколкуте илјади бели офицери кои преминаа на страната на Црвената армија. Болшевиците високо ја ценеа борбената спрема на овие „воени стручњаци“, но неодамниште непријатели особено ги држеа на око. Говоров, сакајќи да се стекне со довербата на раководството, самопрегорно и херојски се бореше против силите на баронот Врангел на југот на Украина и на Крим, двапати беше ранет, па дури и одликуван со Орден на Црвеното знаме.
Генерал на артилерија Леонид Говоров
Виктор Темин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruВисокото одликување значително ја зголеми довербата на советското раководство во поранешниот бел офицер и Говоров продолжи да ја развива кариерата во Црвената армија. Тој дури успеа да го преживее периодот на масовни репресии во СССР, познат како Големиот терор. „Сталин го ценеше професионалецот во него, како и фактот дека Леонид Александрович и неговата сопруга беа многу скромни луѓе“, смета внукот на маршалот Алексеј Говоров. „Дедо не сакаше никакви собири или седенки, не се плеткаше во политика. Беше целосно посветен на своите службени обврски, целосно предаден на работата... Тоа, очигледно, го заштити од репресија и му го сочува животот“.
Советските војсководци. Прв ред од лево кон десно: маршалите Иван Конев, Александар Василевски, Георгиј Жуков, Константин Рокосовски, Кирил Мерецков. Втор ред: Фјодор Толбухин, Родион Малиновски, Леонид Говоров, Андреј Еременко, Иван Баграмјан.
Виктор Темин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruВо текот на советско-финскиот конфликт 1939-1940 година Говоров, како началник на штабот на артилеријата на советската 7 армија, направи одлична работа подготвувајќи го пробивот на линијата Манерхајм и организирајќи го пробивот на утврдениот реон, за што беше одликуван со Орден на Црвената ѕвезда. И покрај тоа, не му дозволија да стане член на Комунистичката партија (што ќе се случи дури во 1942 година).
Леонид Говоров до запленет германски противтенковски топ Pak 36(r)
Министерство за одбрана на РФЗа време на битката за Москва есента-зимата 1941 година, 5 армија под негова команда водеше тешки одбранбени битки западно од главниот град во реонот на Можајск и, издржувајќи го притисокот на непријателот, учествуваше во масовната контраофанзива на советските сили на почетокот на декември. „Во нашата одбрана на Москва главното тежиште на борбата против многубројните непријателски тенкови падна пред сé врз артилеријата и со самото тоа специјалните знаења и искуството на Говоров особено добија на значење“, истакна тогашниот командант на Западниот фронт Георгиј Жуков.
Леонид Говоров во текот на битката за Москва
Аркадиј Шајхет/russiainphoto.ruВо април 1942 година Леонид Говоров беше испратен во опсадениот Ленинград и целата негова активност наредните години беше поврзана со борбените дејствија на северозападот на Советскиот Сојуз. На позиција како командант на Ленинградскиот фронт, тој не само што го претвори измачениот град во несовладлива тврдина, туку успеа со помош на скромните ресурси да подготви формација на сили способни да ја пробијат непријателската опсада. Тоа конечно се случи на 18 јануари 1943 година за време на операцијата „Искра“ изведена заедно со Волховскиот фронт. Една година подоцна Црвената армија дефинитивно ја потисна германската војска подалеку од Ленинград.
Летото 1944 година Леонид Александрович се врати на Карелискиот провлак, кој му беше добро познат од Зимската војна. Таму го чекаше новиот фински систем на одбранбени утврдувања „Карелски ѕид“, кој ја опфаќаше и делумно обновената линија Манерхајм.
Советски тенк ИС-2 во Карелија
Јавен домен„Говоров реши да ја реализира целата операција напредувајќи 12 километри на ден! Тоа значеше дека појасот од армиран бетон во заднината треба да се пробие речиси без запирање и да се заземе Виборг 10-12 дена по почетокот на офанзивата. За време на советско-финската војна 1939-1940 година за совладување на истото растојание беа потребни 100 дена“, се сеќава Бичевски. По масовниот воздушен напад и артилериската подготовка, советската армија тргна во јуриш. На 20 јуни, десет дена по почетокот на офанзивата, Виборг беше заземен, а два дена претходно генералот Говоров го доби чинот маршал на Советскиот Сојуз.
„Катјуши“ во близина на Виборг. Ленинградски фронт
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruПоследното боиште за Говоров беше Балтикот. На крајот на војната тука во западна Летонија сè уште се држеше германската група армии „Курландија“ под опсада на советската војска. Дури на 9 мај 1945 година Леонид Александрович ја прифати капитулацијата на генерал-полковник Карл Хилперт, со што заврши ослободувањето на територијата на Советскиот Сојуз од непријателските сили.
Леонид Александрович Говоров (1897 — 1955)
Министерство за одбрана на РФ
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче