Руската државна библиотека
Иван Шагин/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruИако секој град (и скоро секое село) во Советскиот Сојуз имаше улица „Ленинова“, народот денес ја нарекуваат Руската државна библиотека Ленинка, бидејќи од 1925 до 1992 година таа официјално се викаше Државна библиотека на СССР „В. И. Ленин“.
Алексеј Риков
Јавен доменДолгогодишната забрана за производство на алкохолни пијалоци (од почетокот на Првата светска војна) конечно беше укината со одлука на Советот на народните комесари на 26 август 1923 година. Така, во декември 1924 година се појави првата евтина вотка, нагалено наречена риковка, во чест на краткорочниот претседател на советската влада Алексеј Риков (го наследи Ленин и набрзо му ја предаде должноста на Сталин).
За волја на вистината, риковка и не беше некаква вотка - само 30 степени јачина, наместо задолжителните 40. По тој повод Михаил Булгаков во својот дневник напиша: „Голем настан во Москва – вотка од 30 степени, која народот со право ја нарекува риковка (игра на зборови, рыкать значи рика – заб. на уред.). Од царската вотка се разликува по тоа што изгубила десет степени јачина, има лош вкус и е четири пати поскапа“.
Вотката риковка чинеше една рубља - исто како два литра масло, четири килограми риба или дваесет килограми компири - што не беше малку во тие гладни години.
Сталинки не се само станбените згради и кули во неокласичен стил изградени во времето на Сталин (од почетокот на 1930-тите до почетокот на 1950-тите), туку и становите во нив. Стилот на тие градби сè уште се нарекува сталински ампир.
Некои згради беа дури именувани и во чест на Георги Маленков, претседателот на Советот на министри на СССР од 1955 до 1957 година. Тоа беа поедноставни градби од сталинските претходнички, со минимум украси на фасадите и високи тавани, но со помалку катови и помала квадратура на становите.
Маленков беше наследен од Хрушчов, а со него се појавија и нови згради кои никнуваа буквално за 7 дена.
Некои луѓе во Русија денес со омаловажување зборуваат за хрушчовките, посочувајќи дека становите се мали, таваните се ниски, дека зградите немаат лифтови и дека се застарени и идејно и физички. Но, токму овие едноставни висококатници направија пресврт во свеста на советскиот народ. Во хрушчовките секој се стекна со право на свој простор и на трошка своја слобода.
Брежневка
Fr0nt (CC BY-SA 3.0)Зградите брежневки се исто така од бетонски панели со малку повеќе катови - од 9 до 17. Леонид Брежнев почина во 1982 година, а згради наречени во негова чест се градеа сé до неодамна.
Јуриј Андропов
SputnikВотката „Московска“, најевтината во Советскиот Сојуз, во народот извесно време беше позната како андроповка во чест на Јуриј Андропов, генерален секретар на ЦК КПСС за многу краток период (1983-1984), бидејќи токму во негово време беше намалена цената на таа вотка. По Олимпијадата во 1981 година, вотката „Московска“ чинеше 5 рубли 30 копејки, а Јуриј Андропов ја намали цената на 4 рубли 20 копејки. Пристојната плата во тоа време беше од 180 до 200 рубли.
„Московската“ вотка имаше уште неколку прекари. Беше позната и како „првоодделенка“ (первоклассница) или едноставно „ученичка“ (школьница), бидејќи со новата цена се појави во продажба на 1 септември 1983 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче