Уметникот Андреј Филипов го смисли проектот „Бичкија“ по рушењето на Берлинскиот ѕид. Го реализираше на изложбата Modus R во Мајами, а година дена подоцна и на првото биенале на современа уметност во Солун. Челичниот лист на бичкијата со огромни запци буквално никнува од земја и ја претставува границата меѓу Истокот и Западот, и конфронтацијата на капиталистичкиот и социјалистичкиот блок.
Во древните градини на Етрета растат преку 150 илјади различни билки. Во 2015 година амбиентот на градините беше дополнет со дела на современата уметност. Огромниот зелен простор беше преобразен, благодарение на колекционерот Марина Лебедева и пејзажните архитекти Александар Гривко и Маркус Думус. Шетајќи по неговите алеи можете да ја видите „Школката“ на Аљона Коган и скулптурите од теракота „Нео-вавилонски дијалог“ на Сергеј Катран. Скулптурите се визуелно олицетворение на звучните вибрации при изговарањето на зборот „уметност“ на различни јазици.
Видео скулптурата е резултат на експеримент со 3D текстура и RGB LED технологија. Самиот уметник вели дека ова дело е споменик на корисничкиот аватар. А неговата постојана варијабилност е олицетворение на ситуацијата кога ја гледаме само онаа слика што луѓето сакаат да ја претстават на социјалните мрежи. Сликата што се појавува на оваа „Мебиусова лента“ може да ја видат гостите на арт-паркот „La collection’ Air“ на територијата на хотелот „Chateau Gütch“ во Луцерн, каде што се наоѓа делото. Во паркот и хотелот има и други уметнички дела на руски автори, вклучувајќи работи на Николај Полиски, Ана Желуд и AES+F.
Веќе неколку децении имотот Кастело ди Ама произведува вино, а во исто време е во потрага по духот што се грижи за ова место (genius loci), и тоа заедно со други современи уметници. Тука е „Аналитичарот“, дело на Иљја и Емилија Кабакови скриено во старата градинарска куќичка. За да откриете што стои зад нејзините ѕидови, потребен ви е телескоп од куќата на сопственикот, а преку окуларот ќе можете да видите ангели и луѓе како зборуваат на маса.
„Виолинистот Нестор“, бронза, камен, 2019. Пумала, Финска.
Алиев Адил Ајдин Огли/Здружение на московските скулпториВо близина на траектниот премин на островот Линтусало кој се наоѓа на езерото Сајма можете да видите музичар како седи на карпа и ѝ свири виолина на прстенеста фока што ѕирка од водата. Скулптурата на уметникот Адил Алиев се појави на ова место во 2019 година. Нејзиното создавање беше инспирирано од необичната приказна за локалниот ковач Нестор Рипонен. Овде живеел од 1912 година до 1986 година и бил многу добар музичар. Одлично свирел виолина, хармоника на копчиња, пијано хармоника и мандолина. Еднаш, додека свирел, Нестор забележал дека дошла да го слуша сајмска престенеста фока, што било нешто исклучително и невообичаено бидејќи се смета дека тоа е ретко животно.
Виктор Пољаков работи на спојување на различни жанрови. Тој создава кинетички скулптури во кои светлината и движењето стануваат главни актери. За Новата Третјаковска галерија во 2015 година тој ја создаде фигурата Exodus, која фрлаше сенки на фасадата на музејот, трансформирајќи го во уметнички објект. Пред неколку години на еден од плоштадите во Шенжен, Кина, се појави нова верзија на ова дело. Кинетичката скулптура висока шест метри се состои од четири подвижни елементи кои се независни едни од други и фрлаат разнобоен отсјај на околниот простор.
Делата на главниот руски ленд-арт уметник се чини дека отсекогаш биле таму каде што се поставени. Уметничкиот објект на Полиски се наоѓа на територијата на замокот Шомон на Лоара, кој во близина на Блоа го изградила Дијана од Поатје. И тука редовно се одржуваат фестивали на градини. Како постојана експозиција тука се „Корените на Лоара“, направено од испреплетени корени на потопени стебла.
„Детето Гагарин“, бронза, 2017, Кина.
Алиев Адил Ајдин Огли/Здружение на московските скулпториПрвото дело од оваа серија е создадено од скулпторот на 16-годишна возраст и го прикажува Гагарин не како освојувач на вселената, туку како дете кое сонува за патувања до далечните ѕвезди.
После тоа во серијата се појавија Наполеон, Кутузов, Суворов и други. Алиев помина две недели работејќи на скулптура висока шест метри за тематскиот парк Futian Wet Land Park во Кинескиот град Ју. Тој прикажа момче во растегната маичка и со скршено тенџере на главата наместо шлем како го крева погледот некаде во височините, а го следат две разиграни кучиња.
Здружението Zukclub е добро познато во Москва благодарение на муралите на портрети на познати писатели и поети создадени од уметници на фасадите на станбените згради. Сергеј Овсејкин и архитектот Кирил Костеев за резиденцијата на уметниците во мексиканскиот град Тулум направија во џунглата уметнички објект во вид на вселенски брод и го нарекоа „Mind gap”. Металната „летечка чинија“ од четири метри украсена со светли шари претставува „летечки објект стар над 900.000 години“, на кој на Земјата, најверојатно, слетале homo antecessor, т.е. „претходниците на луѓето“.
Роман Ермаков во едно интервју изјави дека јавната уметност е невозможна без дијалог со публиката. Кога едно такво дело почнува по малку да го менува просторот околу него, „да создава уникатен код на местото“, тоа значи дека уметникот ја исполнил својата задача. Во Буенос Аирес во 2020 година, во седиштето на уметничката организација Palmira Estudios се појави трогателната гулабица La Paloma – скулптура со нежна сина боја. Таа е, според уметникот, првото дело за кое не биле направени скици.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче