Во северните градови на Русија зградите често се обоени во светли бои. Во Салехард, на зградите можете да видите и декорации како мурали (големи слики на ѕид). Ги создаваат уметници од цела Русија во рамките на летните уметнички фестивали. Секој мурал е усогласен со локалните власти. Денес во Салехард има десетина такви мурали и секој од нив е вистинско ремек дело!
Мурал со легендарниот нуклеарен мразокршач „Јамал“, кој повеќе од 40 пати пловеше на Северниот пол, се појави во 2016 година. За изработка на оваа слика висока 18 метри беа потрошени 100 аеро-сол шишиња со боја
Џиновски мамут со санта мраз се наоѓа на повеќекатницата лево од мразокршачот.
Мурал со патник кој ги освојува пространствата на Јамал стои близу мразокршачот и мамутот. Трите мурали сочинуваат единствен уметнички простор во центарот на градот.
Неколку згради зад „Патник“ ќе здогледате огромна бела мечка која носи капа и шал со северни орнаменти. Насликана е во 2020 година.
Прикажан е огромен мамут во музејски простор. Оддалеку се чини дека цртежот е тродимензионален.
Од далечина се чини дека куќата нема еден агол и покрив, но тоа е само неверојатна оптичка илузија.
Салехард е единствениот град на светот кој се наоѓа на линијата на Поларниот круг. Местото каде што почнува Арктикот е означено со стелата „66 паралела“. Мурал со стелата во пролетно цвеќе може да се види на ѕидот на една зграда во микрореонот Изумрудни.
Муралот „Сноубордер” со натпис „Салехард” се појави во 2018 година на уметничкиот фестивал на графити „Културна одбрана”.
Уште едно уметничко дело е LEGO конструкторот со колорит на народите на Северот. Тука има и чум, и бела мечка, и дете кое си игра со играчка во вид на риба и трска за риболов. Муралот е насликан во 2017 година.
Ова е понов мурал кој се појави летото 2022 година. Во позадина на чумот има поларна светлина, а внатре живописна тундра.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче