- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Време е на перестројката во СССР. До неодамна анатемизираните рок-групи почнуваат да излегуваат од илегала и да добиваат можност да настапуваат пред публика, па дури и да одат на турнеи во странство.
Советскиот рок-музичар Стас Намин во 1986 година успева за својата група „Цвеќе“ (Цветы) да организира турнеи надвор од земјата. Резултатот е импресивен и тој решава да направи специјален музички проект „за извоз“ – групата „Горки Парк“ (Парк Горького).
Групата потпишува договор со американската продуцентска куќа PolyGram, го снима првиот албум Gorky Park“ и настапува на рок-фестивалот 1989 година на стадионот „Лужники“ со американските изведувачи „Скорпионс“, „Синдерела“ и „Бон Џови“. Концертот го пренесува Ем-Ти-Ви. Појавата на советска група заедно со светските музички ѕвезди има свој ефект. Групата влезе во топ-100 најпопуларни музички албуми во САД за 1989 година. По триумфот „Горки Парк “ организира турнеја низ Америка. Но, за време на турнејата членовите на групата ќе се скараат и таа се распаѓа.