- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Црвениот плоштад беше излогот на СССР и комунизмот. Што сé не продефилира преку неговата калдрма! И фискултурни паради.
И воени паради.
На плоштадот се одржа дури и фудбалски натпревар.
Вообичаено советско празнично украсување на театарот „Бољшој“: „Пролетери од сите земји, обединете се“ и портрети на Маркс, Енгелс, Ленин и Сталин, 1939 година.
1930-тите се познати како ера на изградба на московското метро. Првата линија со 13 станици беше пуштена во работа на 15 мај 1935 година, а во 1938 година беа пуштени во сообраќај уште две линии.
Првиот воз на „Покровскиот радиус“, односно третата, „сината “ линија на метрото.
На картата на Москва се појавија нови градби – влезните холови на метро-станиците: Динамо, на пример.
Метро-станицата „Палатата на Советите“ (денес „Кропоткинскаја“).
Или станицата „Црвена капија“ (Красније ворота), подигната на местото на урната триумфална капија која го реметеше сообраќајот во кружниот систем на улици „Садовое кољцо“.
Денес во Москва дури и ноќе е неверојатно светло поради уличните светилки и рекламите, додека во тоа време осветлените натписи МЕТРО беа вистинска атракција.
Новата конструктивистичка архитектура, како што е оваа зграда на фабрика-кујна (повеќе за тоа дознајте овде), ги инспирираше фотографите да прават авангардни снимки и да бираат необични ракурси.
Заборавена професија: чистач на чевли.
Град на контрасти: од една страна динамичен моторен сообраќај, а од друга коњи.
А еве како изгледаше такси-станицата кај театарот „Бољшој“ во триесеттите години.
Најзначајниот советски писател од триесеттите беше Максим Горки. Уште во времето на Сталин сè се нарекуваше со неговото име, па и неговиот роден Нижни Новгород го смени името во Горки, а главната улица „Тверскаја“ во Москва стана улицата „Горки“.
А еве го и лично Горки на терасата на весникот „Известија“ со поглед на улицата наречена во негова чест.
Летното кафуле во Паркот на културата и одморот, кој исто така го доби името „Горки“, омиленото место за одмор на московјаните. На оваа фотографија во позадина има интересна кула која денес не постои. Тоа е падобранска кула.
Во 1930-тите скокањето со падобран цветаше во СССР, а падобранската кула беше популарна забава. Секој што сакаше можеше да скокне од неа со падобран или да се спушти по спирален тобоган на специјална подлога. Во 1950-тите кулата беше демонтирана поради опасноста од повреди.
Во 1930-тите Сталин го иницираше Генералниот план за реконструкција на Москва. Многу стари градби, кои се препречија на патот на големите магистрални улици, беа урнати. А за да се прошират улиците, на некои места се поместуваа зградите, и тоа заедно со станарите! (Повеќе за тоа прочитајте овде.)
TASS
Вака изгледаше панорамата на Москворецкиот мост што водеше до Црвениот плоштад пред Сталиновата реконструкција на градот (фотографија од 1930 година).
Во 1936 година целиот кварт Зарјадје кај Кремља беше отстранет, отворајќи поглед на Кремљ и храмот „Василиј Блажени“.
И изграден е новиот Голем москворецки мост.
А тука може да се види рушењето на зградата на улицата „Моховаја“ за да се обезбеди широк премин за сообраќајот. Исто така, во позадина се гради хотелот „Москва“.
Во 1930-тите беше проширено и поврзано Садовое кољцо, кое стана важна сообраќајна артерија на градот.
Улицата „Охотни рјад“ со тезги беше претворена во широка улица со интензивен сообраќај.
Најпознатата загуба во триесеттите години беше рушењето на храмот „Христос Спасител“ на чие место подоцна беше изграден базенот „Москва“.
Фото-оксиморон: на камбанаријата на Страсниот манастир привлекуваат внимание буквите „СССР“.
Во 1931 година „Страсниот“ плоштад го промени името во „Пушкински“, а во 1937 година Страсниот манастир беше срушен.
Уште една изгубена градба е Сухаревата кула од крајот на XVII век, урната 1934 година, бидејќи го реметеше сообраќајот по Садовое кољцо.
Советската ера беше време на ослободување од калдрмата и асфалтирање на сите улици (што беше поевтино и подобро решение). На фотографијата се гледа асфалтирањето на плоштадот „Комсомолски“, како и зградата на Јарославската железничка станица.
Штотуку изградената нова зграда на библиотеката „Ленин“, најголемата во земјата. Во преден план е привремениот надземен влез во метро-станицата „Улица „Коминтерна““ (денес „Александровски Сад“). Денеска на тоа место има споменик на Достоевски.
Ретка фотографија: сеопфатна реконструкција на Црвениот плоштад, при која беше заменета целата калдрма.
Денес Москва е гастрономска престолнина со над илјада ресторани, кои се преполни со гости во секое време од денот. А ова се ретките гости на ресторанот „Савој“ во 30-тите години на минатиот век. Во СССР ретко кој можеше да си дозволи посета на ресторан, а за повеќето луѓе исхраната надвор подразбираше само фабрички мензи.
Колички со сладолед и сокови ќе го преплавеа градот летно време.
Девојки пред киоск со цвеќе.
Во 1937 година, по излагањето на меѓународната изложба во Париз, во Москва триумфално се врати споменикот на монументалната уметност, делото на Вера Мухина, познатата композиција „Работник и колхозничка“.
Во 1939 година беше отворена првата Сесојузна земјоделска изложба (подоцна и денес позната како Изложба на достигнувања на народното стопанство, ВДНХ). Заради тоа беше изграден парк со импресивни димензии со павилјони, од кои секој претставува споменик на архитектурата на советскиот ампир.
Во паркот ВДНХ беше поставен и џиновски споменик на Сталин, кој беше отстранет 1951 година.
Уште еден споменик на „сталинската“ архитектура и ерата на Сталин е Северното речно пристаниште, изградено во рамките на амбициозниот проект Москва-Волга, кој од Москва направи „пристаниште на пет мориња“.
Притоа предградијата на Москва во триесеттите години сé уште изгледаа вака.