Фискултурна парада на Црвениот плоштад, 1 мај 1969.
Иван Денисенко/SputnikФизичката култура беше еден од столбовите на социјалистичкото образование на младите во СССР. Секој советски граѓанин знаеше како звучи радио-емисијата за утринска гимнастичка, физичкото образование беше задолжителен предмет во училиштата, а учениците покрај тоа имаа и спортски секции. Сите граѓани на СССР кои беа во добра физичка форма редовно се тестираа во рамките на програмата ГТО и добиваа значка за тоа.
Идејата за формирање на „нов човек“ подразбираше идеолошко превоспитување и безрезервна приврзаност кон идеите на комунизмот, но и стремеж кон физичко совршенство. Советскиот граѓанин беше идеален ако е здрав, силен и издржлив доволно за покрај тоа што квалитетно ја извршува својата редовна работа, може и да му се спротивстави на непријателот доколку е потребно.
Фискултурна парада на стадионот „Динамо“, 1930-тите.
Иван Шагин/МАММ / МДФ/Russia in photoПрвата организација која се занимаваше со физичко воспитување на населението беше „Всевобуч“ («всеобщее военное обучение» – „општа војна обука“), основана во 1918 година. Во рамките на таа организација сите мажи на возраст од 18 до 40 години учеа да гаѓаат, да се вкопуваат и да вршат други воени активности. Жените посетуваа обука на доброволна основа. По повод првата годишнина од формирањето на „Всеобуч“, на Црвениот плоштад се одржа парада на која учествуваа питомци на воените школи и борбени баталјони. Ним им се придружија и граѓани кои активно се занимаваа со спорт, што беше нивно прво појавување на Црвениот плоштад.
Гимнастички вежби „Ѕвезда“, 15 јули 1935.
А. Грибовски/МАММ / МДФ/Russia in photo„Младост“, спортска парада на Црвениот плоштад 1932 година.
Иван Шагин/МАММ / МДФ/Russia in photoВо текот на 1920-тите секој поголем национален празник се одбележуваше со парада, а почнувајќи од 1931 година, секоја година се одржуваа фискултурни паради.
„Тркало“. Спортска парада на Црвениот плоштад 1936 година.
Александар Родченко/МАММ / МДФ/Russia in photoЦелта беше да се популаризира спортот во советското општество, особено меѓу младите.
Спортска парада на Црвениот плоштад, 1930-тите.
Емануил Евзерихин/МАММ / МДФ/Russia in photoВо 1930 година во сите високообразовни институции како задолжителен предмет е воведено физичкото образование. Руските студенти до ден-денес мораат да „одат на физичко“, тоа е задолжително како и сите други предмети.
Фискултурна парада на Црвениот плоштад 1938 година.
Сергеј Васин/МАММ / МДФ/Russia in photoПоказните фискултурни настапи имаа за цел ширење на здравиот начин на живот, а во исто време овие паради служеа како доказ за успехот што го постигнува советската влада во воспитувањето на новиот човек, развиен и физички, а не само интелектуално. На пропагандните плакати учесниците на парадата беа прикажувани како „борбената резерва на Црвената армија“, а самата парада како „моќна демонстрација на моќта и непобедливоста на советскиот народ“.
Фискултурна парада 1934 година; Спортска парада на Црвениот плоштад 1930-тите.
Емануил Евзерихин; Иван Шагин/МАММ / МДФ/Russia in photoНа фискултурната парада 1936 година се појави паролата „Благодарам другар Сталин за среќното детство!“ која подоцна стана култна.
Значка ГТО, 1936 година.
Александар Родченко/МАММ / МДФ/Russia in photoВо СССР постоеше програма ГТО («Готов к труду и обороне» – „Подготвен за работа и одбрана“) која ги поттикнуваше младите да постигнуваат високи спортски резултати. За да се добие значка ГТО, мораа да се исполнат нормите пропишани за соодветната возраст. Секој граѓанин од 10 до 60 години (и за жени до 55 години) можеше да го положи тој тест доколку неговата здравствена состојба беше задоволителна. Програмата ГТО и денес постои во Русија.
Од филмот „Сесојузна фискултурна парада“, 1945 година.
Public domainОд 1939 година парадите се поврзани со Сесојузниот ден на фискултурата. Во првите години на Втората светска војна (од 1941 до 1943 година) паради не се организираа, но традицијата беше обновена во 1944 година. Во август 1945 година фискултурната парада беше посветена на победата во Втората светска војна.
Од филмот „Сесојузна фискултурна парада“, 1945 година.
Public domainПодоцна паради се одржуваа во чест на 1 Мај (Денот на трудот) и 7 Ноември (Денот на Октомвриската револуција), а покрај парадите се организираа и спартакијади и други спортски игри.
Парада на учесниците во Спартакијадата на народите на СССР. На отворањето на стадионот „Лужники“ 1956 година.
Лав Бородулин/МАММ / МДФ/Russia in photoПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче