Како Советите го прославуваа 1 Мај, Празникот на трудот (ФОТОГРАФИИ)

Анатолиј Егоров/MAMM/MDF/russiainphoto.ru
Први мај отсекогаш беше најважниот пролетен празник во СССР. Работниците во многу сектори на советската економија го одбележуваа со големи паради, демонстрации и прослави. Еве неколку фотографии од различни периоди на советската историја.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Демонстрации по повод Празникот на трудот се одржуваа во Русија уште во царско време. По револуцијата, кога работниците станаа „владејачка“ класа, парадите официјално станаа дел од прославата. „Денот на трудот“ (исто така наречен и „Денот на интернационалата“) во текот на 1920-тите стана општонароден празник.

На плакатот пишува: „Напред во борба за генералната линија на партијата!“ (А генералната линија беше колективизација и индустријализација), 1935.

На 1 мај често се организираа масовни паради на војници и работници од различни професии. Обично најимпресивна и најголема беше парадата на Црвениот плоштад во Москва. 1940.

Музичари, пожарникари, спортисти... Во долга поворка работниците го слават Празникот на трудот во текот на 1950-тите.

Жени маршираат со цвеќе и знамиња на првомајската парада пред зградата на Думата, 1950.

Фабрички работници кои личат на хероите од „Војна на ѕвездите“ построени за парада, 1963.

Импресивна поворка тргнува од Историскиот музеј, поминува покрај мавзолејот на Ленин и стигнува до храмот „Василиј Блажени“, 1967.

Парада на пожарникари во текот на 1970-тите.

Демонстрации со портретите на Карл Маркс, како и на Владимир Ленин и други советски лидери, 1971.

Обичајот да се одржува голема Парада на Победата секоја година на 9 мај се појави во СССР дури во 1980-тите. Пред тоа такви паради се организираа само по повод поголемите јубилеи од Победата. Но, војниците обично маршираа на парада по повод Празникот на трудот. 1973.

На парадите имаше и детска програма. Беше исклучително голема чест да се учествува на еден таков слет. 1973.

Луѓето правеа неверојатни фигури со своите тела. Пред парадата тоа го вежбаа со недели за идеално да ги синхронизираат движењата. Гледачите на трибините и пред ТВ-екраните беа импресионирани од таквите сцени. 1975.

На парадата секогаш присуствуваа лидерите на Комунистичката партија, најважните команданти и функционери. Тие ја следеа парадата од трибината на Мавзолејот. 1975.

„Комунизмот ќе победи“: парадите секогаш имаа нагласена идеолошка содржина и смисла. 1976.

Парада на мотоциклисти во текот на 1970-тите.

Луѓето испишуваат со телата „1 мај“ на Црвениот плоштад, 1977.

Голема парада со портретот на Леонид Брежнев, 1982.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња