Како се развиваше московското метро од 1935 до 2023 година (ГРАФИКОН, ВИДЕО)

Историја
RUSSIA BEYOND
Во март 2023 година беше отворена нова линија на московското метро. Со должина од над 70 километри, таа стана најдолгата подземна кружна линија на светот!

Московското метро опфаќа вкупно 14 основни линии со 258 станици, една монорејл линија долга 4,7 километри со шест станици, московскиот централен железнички прстен со 31 станица и приградски железнички систем наречен „Московски централни дијаметри“ со две линии и 61 станица.

Првата линија на московското метро (црвената линија наречена „Соколническаја“) е отворена 1935 година со само 13 станици.

Во текот на следните неколку години, московското метро ќе добие нови радијални линии на југот и југоистокот на градот.