Како со текот на годините се менуваа билетите за Московското метро?

Russia Beyond (Иван Денисенко / Sputnik; metro.ru)
Московското метро во 2021 година од првичната употреба на метални жетони се префрли на бесконтактен систем за плаќање користејќи технологија за препознавање лица „Face Pay“!

Метро системот на руската престолнина има долга историја, а со него и различни дизајни на билетите што се користеа. Погледнете како се менуваа со текот на годините.

Кога московското метро беше отворено во 1935 година, првите патници користеа специјално дизајнирани жетони за плаќање на возењето. Жетоните беа метални и изгледаа вака:

Заедно со металните жетони имаше и хартиени билети. Подолу се дадени два примери на хартиени пропусници за едно возење во московското метро.

На почетокот не сите станици беа опремени со ротирачки премини, трокраки бариери. Како што се развиваше метрото, таканаречените „турникети“ брзо се ширеа и на крајот се појавија на повеќето станици до доцните 1950-ти. Во тоа време, московското метро објави уникатен дизајн на жетонот кој изгледаше вака:

Сепак, хартиените билети никогаш не исчезнаа целосно. Продолжија да се користат заедно со новите жетони.  

Од 1961 година турникетите во московското метро почнаа да примаат монети од пет копејки. Откако беше воведен овој систем на наплата, жетоните и билетите исчезнаа речиси 30 години.

Меѓутоа, месечните пропусници што се продаваа во московското метро сè уште беа хартиени. Изгледаа вака:

Во 1991 година, кога се распадна СССР, металните жетони се вратија во московското метро.

А во 1993 година, овие жетони беа заменети со проѕирни пластични жетони кои изгледаа вака:

Интересно е што таквиот жетон можеше да се преполови и да се користи двапати бидејќи турникетите не ја препознаваа разликата помеѓу цел жетон и скршен на половина.

Во средината на 1990-тите, магнетните хартиени картички ги заменија жетоните. Отпрвин беа за еднократна употреба и се користеа само за едно возење, но потоа метрото воведе месечни билети и билети за одреден број на возења.

Во 1997 година метрото воведе помодерни хартиени картички кои имаа магнетна лента. Картичките се дизајнирани да се користат за плаќање едно или повеќе возења.

Подоцна модерните хартиени картички со вградени електронски чипови ги заменија хартиените картички со магнетни ленти. Модерната картичка „Тројка“, првата што се издава во пластика и која сега практично ги замени сите хартиени билети, има дизајн познат на повеќето луѓе кои неодамна ја посетиле Москва.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња