На историчарите им е многу тешко да ја опишат вистинската личност на Владимир Илич Ленин поради сите пофалби и воздигнувања што му ги дадоа неговите биографи и следбеници, па затоа тешко можеме да го замислиме како реален човек. Оваа статија се заснова на личните приказни на луѓе кои го сретнале Ленин и опишале каков бил тој.
Кога писателот Александар Куприн го запознал Ленин во 1919 година, советскиот лидер веќе бил ќелав. „Но, остатоците од косата на слепоочниците, како и брадата и мустаќите сè уште укажуваат на тоа дека во младоста тој бил очајнички, огнено црвен “, пишува Куприн. „Има чуден од: се тетерави од една на друга страна како да куца на двете нозе... Низок е, со широки рамена и слаб.
„Мал по раст, прилично силно граден, со благо подигнати рамења и голема глава... Владимир Уљанов имаше неправилни, би рекол, грди црти на лицето: мали уши, забележливо истакнати јаболчници, краток, широк, благо сплескан нос и, покрај тоа, голема уста со жолти, ретко распоредени заби“, го опишува Александар Наумов, кој студирал со Владимир. Меѓутоа, „кога зборуваше со него, се чинеше дека сиот негов неупадлив изглед избледе од глетката на неговите мали, но неверојатни очи, кои блескаа со исклучителна интелигенција и енергија“.
Александар Наумов, кој подоцна станал министер во последната царска влада, едвај го сакал Ленин. Сепак, тој ги препознал извонредните интелектуални способности на идниот комунистички водач. Никогаш не учествуваше во заедничките детски забави и шеги, постојано се држеше настрана од сето тоа и непрестајно се занимаваше со учење“, се сеќава Наумов. „Имаше апсолутно исклучителни способности, имаше огромна меморија, се одликуваше со ненаситна научна љубопитност и извонредна ефикасност. Навистина беше подвижна енциклопедија“.
Владимир Илич Ленин во својот работен кабинет во Кремљ, 1918.
SputnikЛенин завршил средно образование - гимназија - со златен медал (сребрениот медал го добил Александар Наумов) и се запишал на Казанскиот универзитет, но бил избркан поради неговите револуционерни активности. Сепак, дипломирал право како надворешен студент и извесен период работел како адвокат. Интелектот на Ленин останал силен во текот на неговиот живот - тој бил познат, на пример, по неговата способност да запамети страница текст со само еден поглед.
Владимир Ленин не бил љубител на спортовите какви што ги знаеме денес, но никогаш не бегал од физички активности. Бил страстен ловец - додека бил во егзил во Шушенское, во Сибир, со сопругата Надежда Крупскаја ловел птици и зајаци. Сепак, не бил многу прецизен стрелец.
Михаил Соколов „В. И. Ленин во работна акција во Кремљ на 1 мај 1920.“
SputnikЛенин многу возел велосипед и доживувал несреќи. Во 1909 година во Франција, еден „Ролс-Ројс“ удрил во неговиот велосипед, додека Ленин успеал да скокне од велосипедот и да се спаси. Го тужел сопственикот на автомобилот, добивајќи околу 230 руски рубљи, со кои купил нов за 140 рубли. Ленин бил љубител на долги возења со велосипед. Неговиот помошник Георгиј Зиновјев пишува: „[Ленин] нè однесе на велосипед 50-70 врсти (60-70 км) само за да пливаме и одиме покрај живописниот брег на прекрасна река. Услов за време на овие возења беше - да не се зборува за политика“.
Ленин останал физички подготвен и здрав во текот на целиот свој живот. Не внимавал многу на исхраната и не се срамел од едноставна храна. Во текот на своите први години во емиграција, можел да си дозволи да јаде само еднаш дневно. Додека бил во Лондон, сметал дека е поевтино да јаде во пабовите - јајцата и сланината и пивото што Ленин ги сакал. Додека биле во Женева, Ленин и Крупскаја јаделе во работничка менза.
Меѓутоа, двајцата не ги заработувале парите со кои си ја купувале храната - поддршка и помош им доаѓале од нивните колеги социјалисти, додека Ленин бил концентриран на својата политичка работа. По Револуцијата, кога живеел во Кремљ, биле ангажирани готвачи да подготвуваат храна за него, Крупскаја и неговата сестра Марија Уљанова. Ленин сакал печурки, модри патлиџани, паштети, говедско строганов. Меѓутоа, сфатил дека е воспитан само во удобност. Се сетил како реагирал кога во Санкт Петербург, пред револуцијата, работниците забележале дека квалитетот на лебот е подобрен, а тој тоа не го забележал: „Јас, човек што не гледаше потреба, не размислував за леб. Се чинеше дека лебот се појави сам по себе, како некој нуспроизвод на моето пишување“.
Цртеж на П. В. Василев, 1968.
TASSЗабележливо е дека Ленин многу го ценел чајот, бидејќи ги подобрувал неговите интелектуални способности, му помагал да остане буден до доцна, да работи. Ленин многу сакал силен чај. Ленин го сметал чајот и за „стратешки пијалок“. Со некои од првите декрети на болшевиците во 1918 година биле конфискувани сите залихи на чај во Русија во корист на државата.
„Нервите се напнати, треба да се отскокнеме, да отскокнеме“, пишува Ленин непосредно по Февруарската револуција 1917 година, предвидувајќи натамошни промени во политичкиот режим. Бил невообичаено нервозен, напнат и често нерасположен во текот на речиси целиот свој живот.
„Сите што го познаваа Владимир Илич се сеќаваат на неговите промени во расположението. Можеше во еден момент да биде весел, да се смее заразно, како дете, да го плени соговорникот со брзиот тек на мислите, да прави шеги до недоглед, до солзи. Во друг момент ќе беше мрачно воздржан, строг, повлечен, концентриран, доминантен, ќе дофрлаше кратки, остри фрази“, се сеќава Дмитриј Улјанов, братот на Ленин.
Постојат бројни извештаи дека стилот на разговор на Ленин бил мошне зајадлив. „Забелешките во разговорот секогаш имаат ироничен, снисходлив, презирен тон - долгорочна навика стекната во безброј вербални препукувања“, пишува Александар Куприн. „Тој е исклучително таинствен и студен во другарските односи: не се дружеше со никого, а не се сеќавам дека некогаш си дозволи да биде барем малку интимно искрен со мене“, пишува Наумов.
Иако Ленин можел да биде многу пријатен и љубезен во разговорот, тој исто така бил бесен и немилосрден спрема своите непријатели. И, се разбира, ниту еден опис на неговата личност не би бил целосен без поглед на неговите налози за извршување. Еден особено, нареден во 1918 година, гласел: „Да се изврши немилосрден масовен терор против кулаците, свештениците и Белата армија и да се затворат сомнителните во концентрационен логор надвор од градот“.
Поради постојаните грижи и опасности што го следеле Ленин од почетокот на неговата револуционерна дејност, тој прераснал во исклучително нервозна личност. Често се лутел на своите домашни слуги и чувари, а во текот на животот речиси постојано лошо спиел.
Освен спортски активности, секојдневна гимнастика и билијар, Ленин имал само две главни хобија - музика и шах. Уште како дете учел да свири клавир, но подоцна престанал да вежба затоа што го сметал инструментот за забава „за девојки“. Меѓутоа, ја сакал музиката: „Владимир Илич често пееше на пијано со [сестрата] Олга Илинична, која свиреше добро, имаше добар глас и знаеше да пее“, се сеќава братот Дмитриј.
Ленин ја задржал својата љубов кон музиката како возрасен. Бетовен и Вагнер му биле омилени композитори, ги сакал и Шуберт, Шопен и Лист. Сепак, сметал дека таа забава е премногу удобна за него. Како што велел: „Често не можам да слушам музика, ми оди на нерви, сакам да зборувам слатки глупости и да ги галам луѓето по глава кои, живеејќи во валканиот пекол, можат да создадат таква убавина. А денес не можеш никого да погалиш по глава - ќе ти ја одгризат раката, а ти треба да ги удираш по глава и безмилосно да ги тепаш, иако ние сме против какво било насилство врз луѓето“.
Ленин игра шах на гости кај Максим Горки (во позадина) во Италија, 1908.
SputnikЛенин играл шах уште како ученик. И не само тоа - решавал и шаховски загатки и ги запознал најдобрите шахисти на своето време. Дмитриј се сеќава дека Ленин имал правило да не враќа потег, играл сериозно и не сакал „лесни“ игри. Играјќи со послаби играчи, Ленин му давал предност на противникот - фигура. Уживал во добрите потези на противниците. На петнаесетгодишна возраст, Владимир веќе го победил татка си во шах.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче