Пред револуцијата
Таткото на Владимир, Иљја Уљјанов, дотуркал до чин активен државен советник и стекнал титула благородник. И неговиот дедо од мајчина страна бил благородник, така што идниот водач на пролетаријатот како благородничко дете живеел од трудот на селаните, со оглед на тоа дека семејството Уљјанов имало приходи од своите поседи.
Директорот на народните училишта на Симбирската губернија И.Н. Уљјанов и портрет на Марија Александровна Уљјанова (1835-1916), мајката на В.И. Ленин. Репродукција на фотографија од архивот на Институтот за марксизам и ленинизам при Централниот комитет на КПСС
Б.Р. Бик; SputnikОткако се стекнал со образование, Ленин почнал да работи хонорарно како предавач и како преведувач, а во 1899 година ја напишал книгата „Развојот на капитализмот во Русија“ која е објавена во тираж од 2.400 примероци. За тоа добил 250 рубли, што биле две добри плати на висок државен чиновник. Овие хонорари му дошле добро покрај парите што му ги испраќала мајка му за изнајмување стан, а тоа било 300-500 рубли годишно.
Состојбата станувала сè потешка како што се уривала Руската империја. Владимир Ленин и неговата жена Надежда Крупскаја во 1916 година живееле мошне скромно, со парична помош од комунистите од странство.
По револуцијата
Лидерот на советскиот револуционерен пролетаријат со група болшевички команданти на Црвениот плоштад
Н. СмирновВо декември 1917 година Ленин самиот себеси како секретар на Советот на народните комесари (првата влада на Советска Русија) си пропишал плата од 500 рубли. Во март 1918 година си ја покачил на 800 рубли.
Но, платата и не била толку важна, со оглед дека тој ги користел сите државни ресурси и неограничената власт. Додека на таа власт не го сменил...
Лидерот на советскиот револуционерен пролетаријат со група болшевички команданти на Црвениот плоштад
Н. СмирновПред револуцијата
Уште како ученик во богословија Сталин од своите 15 години стапил во контакт со марксистички и социјалдемократски настроените групи млади во Тбилиси. Во мај 1899 година бил исфрлен од богословијата, но сепак добил диплома за учител и извесно време давал приватни часови. Не знаеме колку заработувал, но тешко дека тој хонорар му бил доволен за живот. Во декември 1899 година се вработил во Тифлиската геофизичка лабораторија.
23-годишниот Сталин, полициско досие, 1902 година
Public domainВо март 1901 година во опсерваторијата дошла во полиција, по што Џугашвили/Сталин повлекол во илегала. Како илегалец организирал тајни средби и контакти на болшевиците. Следната плата ќе ја види дури кога ќе биде воспоставена советската власт.
По револуцијата
Во првата советска влада Сталин станал народен комесар за прашања за националностите. Со тек на времето стекнувал сè поголема власт и сè повеќе такви привилегии за кои обичниот советски граѓанин можел само да сонува. Добивал коњи, приватни автомобили, приватни вили, приватни лекари, приватни готвачи, приватни собарки...
Од друга страна, Сталин не трпел алчност. Современиците пишуваат дека мошне се налутил кога во 1948 година дознал дека жените на некои министри не ги плаќаат нарачките во Државната шивачница. Набргу потоа (а, можеби и малку претходно) платите на партиските функционери биле зголемени, но им била ограничена бесплатната исхрана. „По 1948 година можевме да нарачаме храна во вредност од 8.000 рубли месечно, а сè што беше над тоа моравме да го платиме“, пишува пилотот Степан Микојан, син на Анастас Микојан, министерот за надворешна трговија на Сталин. За ориентација, тогаш 1.000 рубли била мошне пристојна плата.
Своите трошоци Сталин не ги ограничил, зашто сметал дека ги нема. Популарна е анегдотата за тоа како еднаш во Грузија му дошле некои стари другари револуционери и побарале од него пари. Сталин го симнал шеширот и им дал на припадниците на обезбедувањето да приложат колку што можат. Собрал, наводно, неколку стотини рубли.
Ах, да... и Сталин бил писател, исто како и Ленин. Неговите „Собрани дела“ се издадени во над 500.000 примероци на руски јазик, а некои се преведени и на јазиците на сојузните републики. И сето тоа било уредно платено, така што Сталин добивал и огромни хонорари (со оглед на тиражот).
И каде оделе сите тие пари? Не се знае. Неосновани се легендите за „ковчежето“ на Сталин кое некој, наводно, го отворил по неговата смрт. Единствено е познато дека ништо од тоа не можел да земе со себе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче