- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Како што знаеме од историјата, руските и британските монарси имале силни и блиски роднински врски. Има дури и фотографии на кои позираат заедно, што е многу интересно да се погледне. Ова се само некои од нив.
Пред сé, речиси е фрапантна сличноста што се забележува меѓу рускиот цар Николај II и англискиот крал Џорџ V!
Hulton Archive / Getty Images
Тие беа први братучеди (нивните мајки беа родени сестри).
Ann Ronan Pictures/Print Collector / Getty Images
Овде можете да ги видите во германски воени униформи во 1913 година во Берлин, непосредно пред Првата светска војна. Владетелите на трите земји кои влегоа во војната всушност беа роднини: германскиот цар Вилхелм II беше во роднинска врска со кралот Џорџ V, како и со сопругата на Николај II, царицата Александра.
Public domain
Последниот руски цар Николај II имаше блиски врски со британското кралско семејство. Тој се ожени со Александра, внуката на кралицата Викторија. Во септември 1896 година Николај II, кој штотуку го наследи рускиот трон, ја посети Велика Британија и беше гостин на кралицата Викторија во замокот Балморал. На следната фотографија можете да го видите Николај (стои во средината) со кралицата Викторија во кочија.
Legion Media
Овде можете да ги видите заедно. Од лево кон десно: Александра Фјодоровна, Големата кнегиња Олга како бебе, Николај II, кралицата Викторија и Алберт Едвард, принцот од Велс.
Legion Media
Интересно е тоа што на денот на својата венчавка принцот Хари носеше многу слична униформа како Николај II - мундир на коњаничкиот полк Blues and Royals.
AP; Getty Images
Кралицата Викторија ја нарекуваа „бабата на Европа“. Таа имаше девет деца и многу внуци, меѓу кои беа не само руската царица и британскиот крал Џорџ V, туку и германскиот цар Вилхелм II, пруската кралица Софија, романската кралица Марија и шпанската кралица Евгенија од Батенберг. На оваа слика е кралицата Викторија со само некои од нејзините потомци (Александра и Николај II се лево од кралицата).
Legion Media
За жал, таквите блиски семејни врски ширеа хемофилија меѓу европското благородништво. Од оваа болест боледуваше и единствениот машки наследник на Николај II, младиот принц Алексеј.
Романови и британското кралско семејство одржуваа блиски односи. Беа пријатели, се допишуваа и поминуваа време заедно. Во 1909 година Николај повторно ја посети Велика Британија. Руското царско семејство дојде со својата јахта и помина време на островот Рајт.
Getty Images
Таа година Романови дојдоа со пет деца: четири ќерки и еден син, принцот Алексеј. Кралицата Викторија веќе беше почината и Николај се сретнал со кралот Едвард VII и својот братучед, идниот Џорџ V. Овде можете да ги видите братучедите со нивните синови: принцот Едвард (подоцна кралот Едвард VIII), а од десната страна е принцот Алексеј.
Legion Media
Некои од врските помеѓу Романови и династијата Виндзор беа зачувани и по револуцијата во 1917 година. Руската царица Марија, која беше сопруга на Александар III и мајка на Николај II, всушност беше сестра на сопругата на британскиот крал Едвард VII, Александра од Данска.
Во април 1919 година, откако се качи на воениот брод „Марлборо“, царицата-мајка Марија беше евакуирана во Велика Британија кај нејзиниот сестричник кралот Џорџ V, а оттаму набрзо се пресели во родната Данска, каде владееше нејзиниот втор сестричник Кристијан X. Фактот дека Џорџ V одлучил да не ги спаси Николај II и неговото семејство, туку да ја евакуира само Марија, е една од најтажните во нивните роднински односи (и преставува една од споредните линии на заплетот во новата петта сезона на „Круна“ на „Нетфликс“).
На оваа фотографија од лево кон десно: Џорџ V, кралицата Марија, кралицата Александра и руската царица-мајка пред црквата „Св. Маргарет“ во Вестминстер. Сите присуствуваа на венчавката на маркизот од Ворчестер и лејди Мери од Кембриџ во 1923 година.
Legion Media