Петтата сезона на ТВ-серијата „Круна“ на Нетфликс: Што е точно, а што измислено во „руската епизода“

Кадар од ТВ-серијата „Круна“.

Кадар од ТВ-серијата „Круна“.

Питер Морган / Нетфликс
Клучната епизода „Куќата на Ипатјев“ во новата сезона на „Круна“ ги истакнува вековните врски меѓу Велика Британија и Русија. Да погледнеме што е тука вистина, а што уметничка имагинација, која инаку ја има многу во новата сезона.

ТОЧНО: Крвното сродство на кралското и царското семејство

Кадар од ТВ-серијата „Круна“.

Шестата епизода од петтата сезона на „Круна“ започнува со стрелањето на семејството Романови, т.е. трагедијата од која Виндзорите лесно можеле да ги спасат своите роднини. Прикажани се настаните од 1918 година и сите прилично добро зборуваат руски. Стрелањето е комбинирано со сцени на англискиот крал кој оди на лов и кој, според креаторите на серијата и некои историчари, донел одлука да испрати брод со цел да ги спаси Романови. Рускиот цар Николај II бил братучед од тетка на Џорџ V и личел на него. Затоа кралицата Елизабета II, внуката на Џорџ V, а особено нејзиниот сопруг Филип, чукунунук на Николај I, особено ги ценеле врските со Русија и ја третирале советската влада како „царициди“, поради што Елизабета II како кралица никогаш не го посети СССР.

ТОЧНО: Официјалната посета на кралицата на Русија

Кадар од ТВ-серијата „Круна“.

Новата „Круна“ ја опфаќа првата половина на 1990-тите, кога се распадна Советскиот Сојуз и комунизмот беше заменет со демократија на чело со Борис Елцин. По распадот на СССР и формирањето на независна Русија, кралицата за прв пат ги посети Москва и Санкт Петербург. Тоа беше историска посета во секој поглед. Имено, Елизабета е првиот британски монарх кој ја посетил руската држава. Во програмата на кралицата беа сите главни знаменитости на Москва и Петербург, како и отворањето на специјализиран музеј посветен на англиската историја, но тоа не беше вклучено во серијата.

ИЗМИСЛЕНО: Причината за одењето во Русија

Кадар од ТВ-серијата „Круна“.

Во „Круна“ Елизабета II ја посетува Русија исклучиво од лични причини. Таа, наводно, повторно сака да најде заеднички јазик со нејзиниот сопруг Филип, кој е фасциниран од семејните врски со Романови и сé повеќе се интересира за православната вера и словенските корени. Според серијата, кралицата и принцот доаѓаат во Москва само за да ги погребат своите предци. При испитувањето на посмртните останки на Романови навистина е користен примерок од ДНК на принцот Филип, но тоа всушност беше последица, а не причина за кралската посета. Коските пронајдени на Урал беа погребани дури на крајот на 1990-тите, иако експертизата со учество на руски и британски експерти се вршеше сé до 2010-тите.

НЕТОЧНО: Пијаниот Елцин на тенк, на маса и во Бакингемската палата

Кадар од ТВ-серијата „Круна“.

Хронологијата е најслабата точка на петтата сезона на „Круната“. На пример, Елизабета наводно сакала да го запознае лидерот на новата руска демократија Борис Елцин (го игра белорускиот актер Анатолиј Котењов) веднаш штом го видела на вестите како стои на тенк пред зградата на Владата на РФ во Москва. Покрај тоа, британскиот премиер Џон Мејџор ѝ раскажал на кралицата дека рускиот претседател одамна го изгубил умот и се предал на алкохолизам под звуците на „Калинка-Малинка“, но таа сепак го примила Елцин со неговата сопруга, а потоа ја прифатила поканата да ја посети Москва. Сето тоа е измислено. Елцин никогаш не беше во Бакингемската палата, иако се среќаваше со Мејџор, а неговите проблеми со алкохолот започнаа малку подоцна, во периодот по средбата со кралицата.

ТОЧНО/ИЗМИСЛЕНО: Чајковски, Достоевски и падот на монархијата

Кадар од ТВ-серијата „Круна“.

Во петтата сезона на „Круна“ има најмногу лични моменти, и во тоа  важна улога одиграа „руските траги“. Во првата епизода принцот Чарлс (единствениот член на кралското семејство кој е подготвен да ја „преиспита“ монархијата) внимателно слуша радио на кое се зборува за падот на Советскиот Сојуз, а Маргарет, скандалозната сестра на Елизабета, се подготвува да оди на бал под звуците на „Лебедовото езеро“ од Чајковски. Тие во последната епизода се „римуваат“ со средбата меѓу Дијана и семејството Ел Фаед, која ќе одигра фатална улога во следната сезона. „Еден од највпечатливите извештаи за бракот напишала сопругата на Достоевски, Ана. Двајцата имале различни сфаќања, но се труделе да не мамат еден со друг“, ѝ кажува Џон Мејџор на кралицата. Штета што семејството Виндзор тргна по поинаков пат.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња