Принцот Хари всушност беше во униформа на Кралскиот полк на шкотските драгони (коњица) и тоа е парадна униформа. Кога станува збор за овие интересни украсни елементи на градите, тие се нарекуваат „бранденбури“.
Англичаните можеле да ги позајмат од сојузниците во кнежевството Брауншвајг уште во времето на војните со Наполеон. Слични детали на униформата имале и англиските офицери во Кримската војна (1854-1855).
Значи, принцот Хари е во своја униформа. Тогаш останува прашањето зошто Николај Втори се облекувал како шкотски драгон (од англискиот збор dragon, односно змеј, како што ја нарекувале кусата пушка која била основно оружје на овие коњаници)? Одговорот гласи: зашто Николај Втори навистина бил драгон.
Николај Втори во униформа на почесен командант на 2 Кралска шкотска драгонска гарда. Слика на Валентин Серов.
Getty ImagesПретходно странските монарси можеле да имаат чинови во руските полкови, па така и руските цареви биле команданти на полкови на странски воени единици. Да кажеме, германскиот император Вилхелм Втори бил адмирал на руската флота.
Наспроти Првата светска војна Русија и Англија биле сојузници и Николај можел да стане фелдмаршал на британската армија. Треба да се додаде дека почнувајќи под Павел Први сите руски императори и нивните браќа ги наоѓале своите животни сопатнички во германските династии. Сопругата на царот Александар Втори била од Данска, па тој имал чин во данскиот кралски полк.
Руската царица Александра Фјодоровна (ја држи кнегињата Олга во раце), Николај Втори во униформа на Кралскиот полк на шкотските драгони, англиската кралица Викторија и Алберт Едвард, војводата од Велс
Getty ImagesСопругата на Николај Втори, Александра Фјодоровна, која имала германска крв, била внука на англиската кралица Викторија. И токму кралицата Викторија по повод свршувачката на Николај и Аликс му доделила на наследникот на рускиот престол чин командант на Кралската шкотска драгонска гарда.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче