Нема да најдете записи за какви било настани што се случувале во Русија пролетта или летото 1699 година. Објаснувањето е едноставно – всушност немало такво нешто. Како можело да се случи тоа?
Пред 1700 година Новата година во Русија се славела на 1 септември, а годините се броеле „од создавањето на светот“ - таканаречената византиска или цариградска ера. Според овој систем, во Русија 7208 година започнала на 1 септември, додека во Европа 1699 година започнала на 1 јануари, 9 месеци пред руската Нова 7208 година.
Само една година претходно, во 1698 година, Петар Велики се вратил од своето Големо амбасадорување, првото патување на рускиот цар во странство. Откако поминал повеќе од една година во Европа, Петар забележал колку им било тешко на европските трговци и продавачи да работат со Русите во септември, кога Русите ја славеле Новата година. Прославите обично траеле не помалку од две недели, а за тоа време работата стоела.
Петар одлучил да го прилагоди руското време на европското време. Со својот декрет од 19 декември 1699 година, тој наредил 1 јануари да стане првиот ден од новата 1700 година, а Новата година наместо на 1 септември да се слави на 1 јануари. Така, 1699 година траела само 4 месеци: септември, октомври, ноември и декември.
Царот тврдел дека промената е направена затоа што „многу христијански народи кои се обединети со нас во исповедувањето на источната христијанска вера, ги пишуваат своите години од раѓањето Христово“. Меѓутоа, во декретот пишувало, ако некој сака да ги напише двата датуми од создавањето и од раѓањето Христово, може да ги напише и двете - но „новиот“ датум е задолжителен.
Се разбира, реформата предизвикала бура кај руското православно свештенство - многумина од нив биле лути што Петар „украл“ голем дел од 1699 година, заедно со многу важни датуми и празници на православната црква. Сите државни служби и институции, исто така, морале да ги преуредат своите документи и графикони за да ги склопат во новата хронологија. За да го заслади горчливото апче, Петар издал уште еден декрет со кој се воспоставува прослава на Нова Година 1700 слична на европската. Секој што поседувал пиштол или топ бил должен да испука троен поздрав ноќта на прославата, а луѓето биле охрабрени да ги украсуваат своите домови со оморика и гранки - нешто што претходно не било видено во Русија, каде што гранките од смрека првично се поврзувале со покојник.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче