„Поради гревовите наши дојдоа народи непознати, безбожни Моавци, за кои никој не знае со сигурност кои се и од каде се, на кој јазик зборуваат и која раса и племе се, и која вера се“ – вака древниот хроничар го опишува првото појавување на монголските орди во близина на руските граници 1223 година. Меѓутоа, во тој момент Монголите не планираат инвазија на Русија. Походот на војсководците Субутај и Џеба на Источноевропското плато e повеќе од извидничка отколку од освојувачка природа.
Портрет на Џингис-кан исечен од албумот со портрети на императорите на Монголската династија.
Национален дворец-музеј, Тајпеј / Public domainОткако ги преминува Кавкаските планини, монголската војска со 30000 војници стигнува до степите на северното црноморско приморје и ги напаѓа номадските племиња на Куманите, народ со туранско потекло, зад чија територија се наоѓале руските кнежевства. Односите со тие соседи не се идилични, но руските кнезови сепак реагираат кога куманскиот кан Котан ги повикува да помогнат и со здружени сили да се фатат во костец со Монголите.
Битката на реката Калка (денешна Донецка област) се одигрува на 31 мај 1223 година. Во него руско-куманската војска доживува целосен слом. Преживува секој десетти војник, гинат најмалку девет кнезови и голем број болјари од висок род. До таква катастрофа доаѓа поради потценувањето на непријателот, отсуството на централна команда и некоординираноста на дејствијата на војсководците.
Калка (1996), Павел Риженко
Public domainПо победата Монголите одат на исток, а стравот и ужасот што ги обзел Русите поради таквиот пораз со текот на времето почнале да бледнеат. Меѓутоа, моќната империја во 1237 година ги потсетува дека проблемите допрва почнуваат. Во големиот Западен поход под команда на Бату-кан, внукот на Џингис Кан, и Субутај, кој во тоа време веќе добро го познава тоа подрачје, учествуваат 14 принцови џингисиди (директни потомци на Џингис-кан) и секој предводи по 10000 коњаници. Според други извори, монголските трупи не бројат повеќе од 40000 војници.
Во секој случај, во тоа време тоа е огромна војска, чии припадници одлично ја совладуваат вештината на јавање и гаѓање со лак и стрела, а имаат и засилување во вид на опсадни орудија грабнати од покорената Кина. И таквата воена армада се движи во правец на запад. Отпор ѝ пружаат распарчените сили на руските кнезови кои непрекинато се во меѓусебен конфликт и не можат да се обединат ни во толку голема опасност.
Монголски трупи покрај катапулт. Минијатура од хрониката на Рашид ал-Дин Хамадани, 1307.
Public domainНа патот на Моноголите им се наоѓа Рјазанското кнежевство, кое бара помош од соседните кнежевства - Владимирско-Суздалскато и Черниговското. Првото одолговлекувало со ипраќањето војска, а второто одбива да помогне бидејќи Рјазан во 1223 година избегнува конфликт со Монголите.
Иако без поддршка, Рјазанците решаваат да пружат отпор. Монголите им даваат ултиматум - Рјазан да им даде една десетина од сите свои добра, но добиваат ваков одговор: „Ако сите изгинеме, тогаш сè ќе биде ваше!“ По петдневна опсада градот паѓа на 21 декември 1237 година. „И не остана во градот никој жив, сите изгинаа и истиот пехар на смртта го испија. Не остана таму ни лелек, ни плач, ни татков и мајчин за дете, ни детски за татко и мајка, ни братски за брат, ни за роднина, туку сите заедно мртви лежеа. И сето тоа се случи поради гревовите наши!“, пишува во „Повеста за тоа како Бату-кан го разори Рјазан“.
Копија од делото на Ј. И. Дешалт „Одбраната на Рјазан“
Андреј Миронов (CC BY-SA 4.0)На 1 јануари 1238 година, во битката кај Коломна, Монголите ја поразуваат војската од градот Владимир која му тргнала на помош на Рјазан. Меѓутоа, и освојувачите претрпуваат големи големи тој ден. Во битката паѓа нивниот угледен војсководец Кулкан, еден од синовите на Џингис-кан и единствениот џингисид кој загинува во походот против Русија.
Монголите продолжуваат со својот марш, но ненадејно се нападнати од „малата дружина“ на рјазанскиот велможа Евпатиј Коловрат, кој задоцнува и не стигнува да го брани родниот град под опсада. Дружината на Коловрат е мала, но ѝ задава болен удар на непријателската војска, па дури и ја уништува нејзината претходница. Бату-кан лично му посветува внимание на овој храбар воин. Евпатиј гине во борба, по што воодушевениот кан наредува неговото тело да им се предаде на заробените Рјазанци луѓе и тие да бидат пуштени на слобода.
Евпатиј Коловрат
Max Presnyakov (CC BY-SA 3.0)Монголите со оган и меч ги разоруваат земјите на Владимирско-Суздалското кнежевство, уништувајќи многу села и градови, вклучиувајќи ја и Москва. Градот Владимир, престолнината на кнежеството, паѓа на 7 февруари. Во пламенот гине и семејството на владетелот Јуриј Всеволодович. Великиот кнез во тоа време не е во градот, ги собира силите на реката Сит, каде на 4 март и гине со речиси целата своја војска во борбата против војсководецот Бурундај. Така Монголите ја покоруваат речиси цела североисточна Русија.
Борбата против моќниот град Владимир ги ослабнува и освојувачите, така што нивното напредување постепено почнува да слабее. Не сакајќи да ризикува, Бату-кан не го напаѓа Новгород, голем трговски центар. Неговата војска е одбиена од Смоленск, а малиот Козелск се држи под опсада повеќе од 50 дена. Кога конечно влегува во градот, гневниот кан наредува да се убијат сите жители (хрониката соопштува дека дванаесетгодишниот кнез Василиј „потона во крвта“) и дека „злобниот град“ се срамнува со земја.
Великиот кнез Јуриј II Всеволодович, 1219-1238. Епископот Ростовски Кирил над телото на обезглавениот кнез.
Василиј Верешчагин / Public DomainНа Монголите им е потребен одмор, па својата офанзива врз руските земји ја обновуваат дури следната година. Овој пат ги опустошуваат јужните кнежевства. Така, на 3 март 1239 година паѓа Переславл, за кој се смета дека е неосвоив, на 18 октомври паѓа Чернигов, а на 6 декември Киев. „Тој град беше многу голем и густо населен, а сега од него не остана речиси ништо, таму сега едвај да има двесте куќи“, пишува Италијанецот Џовани Плано Карпини, францисканец кој 1245 година ја посетува поранешната престолнина на Киевска Русија. Откако ги опустошуваат галициските и волинските земји, Монголите навлегуваат во Унгарија и Полска.
Русија доживува страшен пад. Голем број луѓе се убиени или одведени во ропство, разурнати се 49 градови (од вкупно 74), од кои 14 не се обновени, а 15 се претворени во мали села. Силен удар ѝ е зададен и на економијата и културата. Многу вредни ракописи изгореле во пламенот, многу храмови се претворени во урнатини.
Баскаци (претставници на татарско-монголската власт), Сергеј Иванов.
Public DomainМоќната монголска држава Златна орда се протега од Крим до Сибир. Таа не ги окупира руските земји, туку воспоставува своја политичка и економска власт во нив. Кановите одлучуваат кој и како ќе управува со Русија, а кнезовите се принудени да одат во Ордата по „јарлик“, т.е. по официјален документ со кој се потврдува нивното право да управуваат со своите кнежевства во својата сопствена земја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче