Како монголската наезда ги охрабрила Русите да се обединат и да формираат руска држава

Сцена од филмот „Монголец“

Сцена од филмот „Монголец“

Сергеј Бодров Постариот / СТВ филмска компанија, 2007 година
Погрешно е да се мисли дека Монголците и Татарите ја нападнале Русија како единствена држава. Таа всушност била формирана како одговор на инвазијата, односно давајќи им отпор на Монголците. „Својата величественост Москва им ја должи на хановите“, пишува рускиот историчар Николај Карамзин (1766-1826).

Принцот Јарослав Втори бил отруен од сопругата на Гјујук хан. На 67-годишна возраст, принцот Михаил Черниговски беше егзекутиран во главниот град на Златната орда (Монголскиот ханат) поради одбивање да се поклони на монголските идоли. Срцето на принцот Михаил од Твер беше раскинато во истиот главен град, велат хрониките. Руското население било принудено да плати значителни даноци, а на руските принцови им било дозволено да владеат со нивните земји само со дозвола на ханот на Златната орда. Така, тоа беше под монголска власт или, како што се нарекува во Русија, татарско-монголски јарем.

Сцена од филмот „Монголец“

Тешко е да се поверува дека настани како овие се важни за формирањето на руската држава. Но, отпорот против сето ова ги обединува руските кнезови - за жал не со пријателството, туку под железната тупаница од најсилните од нив. „Москва им ја должи својата величественост на хановите“, напиша големиот руски историчар Николај Карамзин (1766-1826).

Што ја предизвикало инвазијата на Монголија?

Џингис Хан

Се започна кога Џингис Хан (1155-1227), основач на Монголската империја, го испрати својот син Јучи (1182-1227) за да ги освои земјиштата на денешниот Сибир, Централна Русија и Источна Европа. Гигантските војски на монголските воини (над 100.000, огромен број во 13 век) лесно ги победија слабите и помалите сили на руските кнезови, кои се бореа едни со други уште од инвазијата.

Бату Хан. Средновековен кинески цртеж.

Во 1237 година, Монголите, предводени од Бату Хан, ја нападнале Русија. Тие ги зазедоа, опустошија и ги запалија Рјазањ, Коломна, Москва, Владимир, Твер - сите поголеми руски градови. Инвазијата траеше до 1242 година и беше ужасен удар за руските земји - беа потребни речиси 100 години за целосно да закрепнат од штетата што им ја нанесе монголската војска. Исто така, земјата и градовите на Југот - Киев, Чернигов и Халич - беа запалени до земја. Североисточните земји, особено Твер, Москва, Владимир и Суздаљ, станаа главни градови по инвазијата.

Сепак, Монголците не сакале целосно да ги освојат овие земји - тие само сакале даноци. И тие знаеле како да ги добијат.

Како функционирала монголската власт?

Во 1243 година, Владимир Јарослав Втори (1191-1246) бил првиот руски кнез кој добил дозвола за владеење - го повикал Бату Хан, се заколнал на верност и бил прогласен за „најголем кнез“ меѓу сите Руси.

Заклетвата за верност кон Монголите е многу слична на француската церемонија за положување заклетва, во која вазалот клекнува на нозете на седнатиот суверен. Но, во главниот град на Хордата, Сарај, руските кнезови понекогаш биле принудени да клекнат да му приоѓаат на ханот. Монголите поинаку ги гледале од височина. Јарослав Втори, патем, кој го добил хановиот ферман, подоцна бил отруен.

Во Русија бил воведен јарлигот, она што во македонскиот јазик е познато како ферман или хатишериф, (објава, забелешка на антички монголски јазик). За Монголците ова биле заштитни повелби што се напишани и дистрибуирани до руските кнезови и свештеници. Важен дел од политиката на Монголците е тоа што тие ги штителе руските православни цркви, никогаш не ги уништувале и го штителе свештенството. За возврат, црквата била должна да им биде верна на монголските Татари и на нејзините парохии.

Како Русите ги користеле Монголите во своја полза?

Тверско востание од 1328 година

Никогаш немало постојано воено присуство на Монголите, но ако Русите се побуниле против нивното владеење, тие можеле да испратат војски. Сепак, лукавите и политички изманипулирани монголски ханови и манипулирале со Русите, поттикнувајќи омраза и војни меѓу нив за подобра контрола врз слабите, поделени држави. Кнезовите наскоро ја научиле оваа тактика и почнале да ја применуваат против Монголите.

Веќе еден век имало безброј воени судири меѓу Монголите и Русите. Во 1328 година, кнежеството Твер се кренало против Монголците, убивајќи го братучедот на узбечкиот хан. Твер бил запален и уништен од ордата, а кнезовите на Москва и Суздаљ им помогнале на Монголите. Зошто? Како можеле?

За време на војната меѓу кнежевствата, московските кнезови сфатиле дека некој мора да го преземе водството против Монголците, потчинувајќи ги другите на неговото владеење. По падот на Твер, московскиот Иван I „Калита“ стана првиот кнез што собирал даноци од руските територии, а ова право го добил за помошта на Монголите да ги убијат неговите сонародници, кои во исто време биле и негови непријатели.

Како завршило монголското владеење?

Димитриј Донски

Она што го научиле московските кнезови од немилосрдните Монголци е дека непријателот или треба да се убие или да се неутрализира за да не може да се одмазди. Истовремено со јакнењето на московските кнежевства, Златната орда паднала во политичка криза. Во 1378 година, Дмитриј Московски, познат како Донски (1350-1389), победил една од армиите на ордата за прв пат по долго време.

Во 1380 година, Дмитриј Донски, кој претходно престанал да оддава почит на ордата, ја победил војската на татарскиот Хан Мамаи, која броела 60.000-110.000 воини, во битката кај Куликово. Тоа бил голем момент на духовната преродба за сите руски земји. Сепак, во 1382 година, Москва била запалена од Тохтамиш од друг дел од распарчената орда.

Следните 100 години, руските земји плаќале даноци на разни ханови од ордата, но во 1472 година, кнезот Иван Велики од Москва (1440-1505) одбил да им плати на татарските Монголи. Во тоа време Големото московско кнежевство било навистина големо. Иван и неговиот татко Василиј Втори собрале земјиште и кнежевства што ги потчиниле на Москва.

Баскаци (претставници на татарско-монголската власт)

Ахмед-хан се обидел да води војна против Иван, но по битките кај реката Угра во 1480 година, се вратил дома. Оваа битка го означува крајот на монголското владеење и контрола - но не и на даноците. Русија продолжува да испраќа пари и скапоцености во разни делови на ордата, само за да го одржи мирот со борбените Татари. На руски ова данок се нарекува „поминки“.

Русија плаќала „поминки“ на разни поранешни династии на ордата до 1685 година. Тие биле официјално забранети од Петар Велики дури во 1700 година, според Договорот од Цариград меѓу рускиот цар и Османлиската империја. Кримскиот хан, еден од последните ханови во тоа време и вазал на Отоманската империја, бил последниот на кого Русија платила. Договорот гласел: „... Бидејќи московската држава е автономна и слободна, данокот што досега се плаќал на кримските ханови повеќе нема да го плаќа Неговото Височество царот на Москва, ниту неговите потомци ...“.

Ферман на ханот Тимур Култуг

Многу симболично е што Петар, последниот голем цар на Москва и идниот прв император на Русија, го потпишал овој договор во 1700 година, првата година во Русија, што не започна на 1 септември, како во древна Русија, ами на 1 јануари, исто како во Европа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња