Зошто Монголите не ја преобратиле Стара Русија во ислам?

Russia Beyond (Photo: Legion Media; Сергеј Бодров Постариот/Филмска компанија „СТВ“, 2007)
Звучи чудно, но Монголите сфаќале дека исламизирањето на рускиот народ можело да има крајно несакани последици. На крај Руската православна црква дури имала и корист од монголската наезда.

Монголско-татарската наезда на руските земји се одиграла 1237-1241 годинаа. Тоа било вистинска катастрофа за Русија. Лошо организираните сили на руските кнезови не можеле сериозно да се спротивстават на прекалената монголско-татарска армија која поминала голем пат од другата страна на тогаш познатиот свет.

Освојувачите ги палеле руските цркви и манастири исто како што ги палеле руските градови и села. „Запалени се многу свети цркви. „Манастирите се запалени заедно со [своите] села, а имотот им е грабнат“, пишува во руски летопис. „Монасите, монахињите и свештениците се заробени и обезглавени, а некои се убиени со стрели и живи запалени“. Тоа била вообичаената монголско-татарска тактика на тотална војна. Во тоа време, Златната орда била претежно паганска. На монголско-татарската територија се практикувале различни религии, така што Монголите во Русија не воделе никаква верска војна.

Црквата „Св. Петар и Павле“ изградена 1146 година во Смоленск.

Згора на тоа, тие набргу забележале дека ќе било подобро ако ги поштедат руските храмови и манастири бидејќи Русите многу го почитувале своето православие. Така, во 1239 година (две години по наездата) кај Чернигов „го поштедија епископот, го одведоа во Глухов (соседниот град - уред.) и го пуштија“. Кога целосно ја зазеле територијата, Монголите се определиле за комуникација со Руската православна црква.

Средства за запирање на војната

Митрополитот Кирил II оди во Чернигов.

Монголите во 1259 година ги принудиле новгородските и псковските земји да им плаќаат данок, но го поштедиле православното свештенство и манастирите на тоа подрачје. Потоа во 1261 година (две години подоцна) Руската црква испратила постојан пратеник во Златната орда.

На крај во 1267 година митрополитот Киевски Кирил II отишол во Златната орда за да добие „јарлик“, т.е. документ со кој се потврдуваат овластувањата на митрополитот на руската црква. Ја добил од Мунглетемур, кој имал честа преписка со Кирил II. Тие често си давале еден на друг „политичка“ поддршка. За време на монголското владеење, руските кнезови и митрополити биле обврзани да имаат „акредитивно писмо“, т.е. „јарлик“.

Во одредени сфери митрополитот имал дури и поголеми права од кој било друг кнез. Тој можел, на пример, да одржува контакти со Константинопол без согласност на монголските власти. На крајот на XIII век Монголите ѝ ја вратиле на руската црква целата нејзина земја и села. Така, руската црква станала еден вид автономна административна структура на руска територија.

Дали Узбек-кан сакал да ја преобрати Русија во својата вера?

Туда Менгу бил кан на Златната орда од 1280-1287 година. Тој бил првиот што го примил исламот. Следните двајца владетели сè уште биле приврзани на одделни традиционални верувања. Канот Узбек дошол на власт 1313 година, а 1320 година го примил исламот.

Баскаци (претставници на татарско-монголската власт).

Тој се обидувал да го воведе исламот како официјална религија во рамките на Златната орда (и покрај противењето на локалната елита). Од друга страна, судејќи според сé, тој немал намера да ги преобрати Русите во ислам. Тој дури ја принудил и својата сестра Кончак да се омажи за рускиот принц Јуриј Данилович Московски. Подоцна Кончак била убиена во војната меѓу Јуриј и друг руски кнез, Михаил. Сите биле убиени во Ордата по наредба на Узбек-Кан, но руската црква немала никакви последици.

Митрополитот Киевски Петар во 1313 година патува во Златната орда, каде што бил пречекан топло и со голема почит и каде што добил „јарлик“ со кој се потврдуваат привилегиите на православната црква, т.е. фактот дека таа уредно ги плаќа сите даноци и давачки. Било очигледно дека руските верници, обичниот народ и елитата, многу се грижеле за безбедноста и благосостојбата на нивната црква, и Узбек-кан, судејќи според сé, многу добро го разбирал тоа.

Узбек-кан на минијатура на „Царскиот илустриран летопис“ („Лицевой летописный свод“).

Она што монголските канови не го разбирале е фактот дека токму православните идеи биле тие што ќе го инспирираат народот на борба против монголскиот јарем. Братучедот на Узбек-кан, Чол-Кан, претставник на монголската елита, 1327 година заедно со обезбедувањето бил нападнат во Твер поради „прогонството на христијаните“, а многу други монголски Татари - трговци и продавачи на коњи - биле убиени во Твер во тоа време. Имало гласини дека Чол-Кан дошол со цел да ги преобрати жителите на Твер во ислам и тоа предизвикало уште поголем револт кај народот.

„Михаил Јарославич Тверски кај Узбек-кан“.

На крајот Чол-кан бил затворен во дворец и жив запален. Монголските Татари брутално ја задушиле буната со помош на московскиот кнез Иван Калита, но тие настани секако влијаеле на Узбек-кан да не ни помисли да ги преобрати Русите во ислам. Ако воопшто имал такви размисли.

Тверската буна од 1328 година опишана во руска хроника од XVI век.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња