Тоа било крајно необична венчавка, во 1317 година московскиот пкнез Јуриј Данилович се оженил со сестрата на канот на Златната орда (монголскиот канат) Узбек-кан. По тој повод младенците ги презеле соодветните чекори, Кончака се покрстила во православие и станала Агафја, додека Јуриј Данилович според законите на Ордата ја добил титулата гурган, зет на канот. Династичкиот брак судејќи според сé требало да ги зајакне односите меѓу Ордата и руските кнезови, но заедничкиот живот на Јуриј и Агафија не траел долго.
Истата таа 1317 година кнезот Јуриј тргнал во поход на Тверската земја и со себе ја повел сопругата. По поразот на Јуриј во Бортеневската битка, тверскиот кнез Михаило Јарославич ја заробил Агафја, која набргу умрела во заробеништво во Твер. Кружеле гласини дека била отруена.
За нејзиниот живот не се знае ништо повеќе, но затоа нејзината смрт била првата алка во синџирот на големи настани. Бесен поради смртта на својата сестра, канот Узбек го повикал Михаил Тверски во Ордата, го судел и на крај го погубил, а во погубувањето учествувале луѓето на московскиот кнез Јуриј. Тие настани го ослабнале Тверското кнежевство и тоа се повлекло пред Москва. Се чини дека московските кнезови делумно ѝ го должеле својот подем на покојната монголска кнегиња.
Михаил Јарославич Тверскиот код на канот Узбек (цртеж на В. П. Верешчагин)
Јавен доменСедум дена Иван Грозни го освојувал Казан и во чест на секој ден било изградено по едно ниво од седумкатната Сјујумбикина кула во Казанскиот кремљ. Од таа кула скокнала царицата Сјујумбике кога московскиот цар сакал да се ожени со неа. Меѓутоа, Сјујумбикината кула не била изградена пред почетокот на XVIII век, а Грозни го зазел Казан, како што е познато, во XVI век. И сè друго во таа приказна е исто така легенда.
Портрет на Сјујумбике, дело на непознат уметник, XVI век
Јавен доменЦарица Сјујумбике во раната младост станала важна фигура во политичките игри меѓу Москва и Казанскиот канат. Таа била праправнука на основачот на Ногајската орда Едигеј, војсководец кој командувал со тумен, единица од десет илјади луѓе, и ќерка на ногајскиот владетел Јусуф, кој постојано водел војни против Казан и Москва. Сјујумбике ја омажиле кога имала 12 години за шеснаесетгодишниот кан на Казан Џан-Али, но тие не живееле среќен брак. Сопругот не ѝ обрнувал внимание на Сјујумбике и тие немале деца. Во 1535 година канот бил убиен во државен преврат, а Сјујумбике станала сопруга на следниот кан, Сафа-Гиреј. Таа му родила неколку деца, меѓу кои бил и канот Утјамиш кој го наследил казанскиот престол на двегодишна возраст, по раната смрт на неговиот татко во 1549 година.
Така Сјујумбике станала регент на Казанскиот канат, но Казанците ја предале на Иван Грозни заедно со нејзиниот малолетен син и казанската ризница во 1551 година за време на неговиот поход на Казан. Граѓаните сакале друг кан на тронот, Шах-Али (во Русија го нарекувале кан Шигалеј). Сјујумбике била одведена во Русија, нејзиниот син Утјамиш бил покрстен во православна вера како Александар Сафакиревич. Служел во војската на Иван Грозни. А Сјујумбике го завршила животот во градот Касимов. Во 1553 година, таа била насилно омажена за канот Шигалеј, кој бил протеран од Казан од Иван Грозни и го припоил канатот на московските земји.
„Заробената Сјујумбике го напушта Казан“, Василиј Худјаков, 1870.
Улјановски музеј на уметностаНе се знае точно каде и кога починала Сјујумбике. Се претпоставува дека живеела под заштита на нејзиниот личен телохранител во околината на градот Викс. А Сјујумбикината кула и ден-денес е едно од најпрепознатливите места во Казан.
Сјујумбикина кула
Aleksey Shubin (CC BY-SA 4.0)Иван Грозни не можел да се ожени со Сјујумбике првенствено затоа што веќе бил оженет. Анастасија Романовна станала царица во 1547 година а ненадејно починала во 1560 година. Анализата на нејзините останки потврдила дека била отруена. По нејзината смрт, Иван Василевич не знаел кого од благородништвото да го обвини за труењето на саканата сопруга. Меѓутоа, веќе една недела по смртта на Анастасија, царот почнал да бара нова жена.
Кнегињата Кученеј била ќерка на кабардискиот кнез Темрјук, човек добро познат на московскиот двор: неговиот син и брат на Кученеј Салтанкул, крстен како Михаил Черкаски, му служел на Иван Грозни од 1557 година. Иван испратил сватови токму кај кнезот Темрјук и тие ја избрале кнегињата Кученеј за жена на царот. Во 1561 година кнегињата пристигнала во Москва каде што се покрстила како Марија Темрјуковна и станала царица. Царот ѝ донел на невестата богати подароци, меѓу кои имало и чинија од чисто злато, тешка три килограми. Англискиот дипломат Џером Горси запишал: „Обредите и празнувањата што ја придружуваа оваа женидба беа толку чудни и пагански што едноставно е тешко да се поверува дека сето тоа навистина се случуваше“.
Споменикот на Марија Темрјуковна во Наљчик подигнат по повод 400-годишнината од присоединувањето на Кабарда на Русија
Masha Linnik (CC BY-SA 4.0)За животот на Марија Темрјукова како царица не се знае многу. Таа го придружувала Иван на неговите чести патувања по богослужби и манастири, а во 1563 година му го родила синот принцот Василиј, кој живеел само пет недели. Кралската двојка немала други деца, а во 1569 година Марија Темрјуковна ненадејно починала. Царот претпоставувал дека и таа била отруена. За виновник бил прогласен „столникот“ (дворска титула) Василиј Хомутов и жив сварен заедно со соучесниците во казан.
Во градот Касимов, главниот град на Касимовското царство, од даминина живеело семејството трговци Алјанчиков. Тие зборувале дека нивното презиме потекнува од зборот „алян“ - „тврдоглав“. Фатима Султан (?-1681), последната владетелка на Касимов, имала обичај да се вози низ градот во кочија во која биле впрегнати луѓе. Еднаш еден од селаните се побунил. „Каков аљан си ти“, му рекла царицата, но од тој момент престанала да ги впрегнува луѓето.
Касимов во патепис од средината на XVII век.
Јавен доменФатима Султан потекнувала од старо касимовско благородничко семејство, а станала царица по мажењето за канот Арслан, внук на сибирскиот кан Кучума. Арслан од младоста живеел во руско заробеништво, а кога во 1614 година касимовски цар, тој веќе бил во години. На канот му била укажувана почит според статусот, тој три пати бил во Москва на прием кај царот Михаил Фјодорович, а неговата сопруга била примана од царицата Евдокија. Меѓутоа, канот немал реална власт, му служеле само триесет луѓе, што било исклучително мало во споредба со московските болјари, чија послуга се состоела од стотици луѓе. Канот Арслан починал во 1626 година, оставајќи го за свој наследник двегодишниот син Сеид Бурхан.
На почетокот фактички владетелка била самата Фатима Султан. Таа настојувала нејзиниот син да не се покрсти како дете, овозможувајќи му самиот да направи избор. Но, кога имал девет години, Сеид Бурхан бил поканет на царскиот двор во Москва, инсистирајќи на неговата улога како касимовски владетел, а по пет години тој имал свој двор. Во 1653 година, возрасниот Сеид Бурхан го примил православието како Василиј Арсланович и набрзо се оженил со Русинката Марија Плешчеева.
Сепак, и покрај сите традиции на Касимовското царство, Василиј останал негов владетел иако не бил муслиман. Како што е познато врз основа на зачуваната жалба на монахињите на Казанскиот женски манастир во Касимов, Василиј Арсланович и неговата мајка го поддржувале манастирот: „на игуманијата и сестрите им обезбедуваа на храна и облека од свој џеб“. А откако ги нема принцот и царицата... никој веќе не дава пари ни леб“.
Фатима Султан го надживеала својот син кој починал во 1679 година, а во последните две години од нејзиниот живот владеела со Касимовското царство кое престанало да постои по нејзината смрт во 1681 година со указ на царот Петар Алексеевич.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче