- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Во 1960-тите во Советскиот Сојуз, ако се сакаше, можеше да се најде добра акустична гитара, но електричната беше друга приказна. Во тој момент едноставно немаше гитари од советско производство.
Александр Астафьев / Sputnik
Музичарите мечтаеја за легендарните американски гитари Fender Stratocaster, но овие инструменти можеа да ги купат и донесат во земјата само привилегираните. На пример, ако имавте роднини-дипломати или морнари. Постоеше и можност гитара да се набави и од сојузничките земји, како Германската Демократска Република или Чехословачка, но тоа задоволство беше прескапо.
Юрий Абрамочкин / Sputnik
Меѓутоа, и покрај Студената војна и идеолошката аверзија спрема сè што доаѓа од Запад, особено спрема „западната“ музика, џезот и рокот, во Советскиот Сојуз за време на перестројката имаше многу официјално регистрирани музички групи. Најразлични установи имаа свои ансамбли. И на сите им беа потребни електрични гитари.
TASS
Но, ниту една од советските фабрики немаше искуство во производството на гитари, така што првите примероци беа направени од истите материјали што се користеа за изработка на ормари, комоди и кревети.
МУZЕУМ
Првата советска гитара е произведена во Санкт Петербург во 1964 година под името „Тоника“. Чинеше 180 рубли и за да ја купите ви требаше малку повеќе од една просечна инженерска плата.
МУZЕУМ
Најпроизведувана беше гитарата „Урал“, правена во фабриката за мебел во Свердловск, денешен Екатеринбург. Во тоа време постоеше Научно-истражувачкиот институт за музичка индустрија, кој по налог на Министерството за култура се занимаваше со развој на музички инструменти. Меѓутоа, во Свердловск одлучија да направат своја верзија на гитарата.
Архив Галины Пискуновой
Донесоа неколку гитари Yamaha и... ги ископираа. Советската гитара „Урал“ е всушност копија на гитарата Yamaha CR-5 со малку изменети димензии.
Борис Кавашкин / Sputnik
Целокупнто производство на гитари беше контролирано од државата. Во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, со производство на гитари се занимаваа три фабрики во земјата. Тоа беа фабриките во Свердловск, Ростов на Дон и Орџоникиѕе, денес Владикавказ, а во асортиманот на советските електрични гитари имаше четириесетина модели.
Валерий Шустов / Sputnik
Нивната главна карактеристика не беше уникатниот и квалитетен звук, туку специфичната конструкција. Советските гитари имаа врат дебел како цепаница, бидејќи не знаеја да стават тенка метална шипка низ вратот која спречува вибрации и негово искривување.
МУZЕУМ
Советските електрични гитари имаа уште една специфична карактеристика, дебел слој лак, што ги правеше неуништливи.
МУZЕУМ
Музичарите меѓу себе се шегуваа дека советскиот инструмент е доволно добар само за ефективно да се скрши на бината како што тоа го правеше Курт Кобејн. А во случајот со советската гитара, најверојатно ќе настрадаше бината, а не инструментот.